Концерт на Трио Grazioso во Лараче - Мароко

Trajkova, Nevenka and Palija, Kristina and Bogoevska, Menka (2016) Концерт на Трио Grazioso во Лараче - Мароко. [Performance]

[img]
Preview
Text
nn.pdf

Download (252Kb) | Preview
Official URL: http://www.alkhabaralaan.com/?p=9208

Abstract

Трио „Grazioso“, во состав м-р Кристина Палија (сопран), д-р Невенка Трајкова (пијано) и Менка Богоевска (виолина), по настапите низ Словенија, Австрија, Шпанија и Бугарија, неодамна ја претставија Р.Македонија и на турнеја на сцените низ Мароко. Тие се први претставници од областа на културата кои настапиле на сцените низ Мароко, ни соопштија од Амбасадата на Мароко во Софија. Во соработка со асоцијациите од Шпанија кои се занимаваат со социјална дејност „Родина“ и „Балкан“, беа успешно реализирани неверојатни концерти во неколку градови низ Мароко. За нивниот настап пишува и мароканскиот веб-портал alkhabaralaan.com кој вели дека нивниот настап е доказ за промоција на културната коегзистенција во светот и дека настапот ги воодушевил присутните каде што тие настапувале со свои колеги од други држави. Вториот концерт кој се одржа на 07.05.2016 беше во градот Лараче, во салата на музичкиот конзерваториум, кој е во стар арапски стил. Со овие настапи триото не само што остави свој музички печат и во африканската културна ризница, туку е и достоен амбасадор на својата држава. Настапот на трио „Grazioso“ во Мароко има голем придонес за афирмирањето на нашата култура и фаворизирањето на нашата држава, бидејќи никогаш до сега името Македонија не било толку често извикувано од сите страни низ улиците, салите и на манифестациите во Мароко.

Item Type: Performance
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Nevenka Dukovska
Date Deposited: 12 Jul 2016 09:42
Last Modified: 12 Jul 2016 09:42
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15987

Actions (login required)

View Item View Item