Секциско предавање на тема „Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија“

Belcev, Tole and Mladenoski, Ranko (2016) Секциско предавање на тема „Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија“. In: Меѓународна научна конференција „Климентовото дело“, 23 и 24 јуни 2016 година, Штип, Република Македонија. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Prezentacija za Klimentovoto delo 22 juni 2016.pdf

Download (997Kb) | Preview

Abstract

На Меѓународната научна конференција „Климентовото дело“ којашто се одржа на 23 и 24 јуни 2016 година во Штип во организација на Филолошкиот факултет и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип професорите Толе Белчев и Ранко Младеноски учествуваа со секциско предавање на тема „Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека темата со наслов „Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија“ подразбира елаборација на воспоставените релации во македонската колективна културна меморија меѓу двајца мошне значајни дејци од македонската книжевна и, воопшто, културна историја ‒ св. Климент Охридски од 9 век и Григор Прличев од 19 век. Имено, при ова секциско предавање се интерпретираа неколку народни легенди и преданија во кои македонската фолклорна традиција ги поставува св. Климент и Прличев во идентичен хронотопски контекст, како и суштинските особености на „Словото за св. Климент“ (Слово за Климента) од Григор Прличев одржано во Охрид во 60-тите години на 19 век, но и на „Автобиографијата“ од Прличев. Во заклучокот од излагањето беа сублимирани резултатите од истражувањето во врска со потенцијалните причини, но и мотиви за ваквото поврзување на св. Климент и Прличев чии животи ги дели време од безмалку десет века.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 08 Jul 2016 10:41
Last Modified: 08 Jul 2016 10:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15983

Actions (login required)

View Item View Item