Алвеоларна презервација пред поставување на дентални импланти – приказ на случај

Papakoca, Kiro and Candan, Selman and Alcheva, Mimoza (2016) Алвеоларна презервација пред поставување на дентални импланти – приказ на случај. In: 23rd International Dental Student’s Scientific Congress Ohrid 20-22 May 2016, 20 - 22 Maj 2016, Ohrid.

[img]
Preview
Text
ohrid poster 1-1.pdf

Download (1033Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
programa Ohrid 2016.pdf

Download (527Kb) | Preview

Abstract

Вовед: денталните екстракции често резултираат со димензионални промени со тек на времето и која доведува до коскена ресорпција. Зачувување на алвеоларната коска по вадењето на забите има големо значење за да се постигнат оптимални естетските и функционални резултати. После одреден временски период, кога потполно е заздравено местото на екстракција, како една од можните терапевтски процедури може да биде поставување на имплант. Затоа местото на екстракција пожелно е да биде претходно подготвено со аугментација, која може да биде направена со различни видови на коскени супституенти. Целта на оваа наша презентација е да се презентира на примената на коскени супституенти за аугментација на алвеоларни гребени, нивно заздравување, како и поставување и остеиинтеграција на дентален имплант, на местото на екстракцијата. Клинички случај: кај нас се презентираше пациентката на 51 годинишна возраст, каде на клинички преглед се воочи индикација за екстракција на заб 46, од пародонтолошки причини. После екстракцијата на (46) следеше аугментација со коскен супституент од говедско потекло. Поставувањето на денталниот имплант беше по 6 месеци по екстрахирањето на забот и поставувањето на графтот. А после уште 4 месеци од поставувањето на имплантот беше изработена протетска надоградба. Заклучок: примената на коскени супституенти за алвеоларна аугментација и поставување на дентален имплант, го препорачуваме како една можна импланто – протетска реставрација, со чија што помош ке ги зачуваме соседните заби од стружење, а финалното решение кое ќе го добиеме ќе биде функционално, естетско и долготрајно. Клучни зборови: алвеоларна презервација, дентална екстракција, коскен супституент.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Kiro Papakoca
Date Deposited: 28 Jun 2016 14:05
Last Modified: 28 Jun 2016 14:05
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15942

Actions (login required)

View Item View Item