Сметководствен третман на користите за вработените, со осврт на МСС 19 и неговата примена во Република Македонија

Angelkovska, Gordana (2016) Сметководствен третман на користите за вработените, со осврт на МСС 19 и неговата примена во Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Магистерска-Гордана Анѓелковска-финална (2).pdf

Download (1402Kb) | Preview

Abstract

Квалитетен систем на финансиско известување, заснован врз почитување и примена на висококвалитетни сметководствени стандарди, како и поддржан од ефикасна регулаторна и етичка рамка, претставува значаен предуслов за економскиот развој на секоја земја. Ефикасното финансиско известување и Меѓународните сметководствени стандарди се значајни не само за сметководствената професија, туку и за целокупната светска економија. Економскиот развој се дефинира како „процес преку кој општеството го создава, задржува и реинвестира богатството, со тоа подобрувајќи го квалитетот на животот“. Во овој контекст, ефикасниот систем на финансиско известување, поддржан од квалитетни сметководствени стандарди, игра многу значајна улога во економскиот развој на секоја земја. Користи за вработените се сите форми на надоместоци кои ги дава ентитетот во замена за услугата која ја даваат вработените. МСС 19 - користи за вработените, содржи принципи и правила кои го регулираат начинот на искажување на платените користи на вработените од страна на деловните ентитети, без оглед дали се монетарни или немонетарни, краткорочни или користи по престанок на работниот однос. Деловните субјекти во Република Македонија имаат законска обврска за пресметка и исплата на надоместоци на вработените, по основ на право на заработувачка – бруто плата, како и останати краткорочни и долгорочни користи, согласно со законите кои ја пропишуваат оваа проблематика, колективните договори и сл. Клучни зборови: финансиско известување, сметководствени стандарди,користи, вработени, надоместоци, МСС 19

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 28 Jun 2016 12:44
Last Modified: 28 Jun 2016 12:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15938

Actions (login required)

View Item View Item