Моралниот хазард како една од причините за финансиската криза од 2007

Adzipetrov, Robert (2016) Моралниот хазард како една од причините за финансиската криза од 2007. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
магистерска-Роберт-Аџипетров.pdf

Download (1749Kb) | Preview

Abstract

Финансиската криза од 2007 година е најлошата економска појава по „Големата депресија“(1929). Илјадници луѓе ги загубија своите заштеди, работни места, а некои и своите домови и животи. Потребата од анализирање на причинителите за оваа појава е повеќе од евидентна, со цел учење од минатото и избегнување на слични кризи во иднина. За правилно да разбереме што се случи, истражувањето е потребно да го започнеме со проучување на основните фактори кои ја предизвикаа кризата. Станува збор за низа погрешно донесени одлуки како резултат на постоењето на асиметрични информации, пропратени со неправилности во менаџментот на ризик. Асиметричните информации, односно неповолната селекција и пред сѐ, моралниот хазард се наоѓаат во самиот фундамент на финансиската криза. Моралниот хазард ни ја претставува можноста за преземање на ризик во поголема мера од она што е нормално, притоа знаејќи дека евентуалните штети би ги претрпел некој друг. Така, миксот помеѓу дерегулацијата, високата концентрација, (создавање на огромни финансиски институции), финансиските деривати и нерационалностите во растот на цената на недвижнини, пропратен со моралниот хазард, го направи системот опасно ранлив и нестабилен. Моралниот хазард, дополнително влијаеше и на зголемување на основните банкарски ризици, како што е кредитниот ризик. Појавувањето на проблем во било кој од големите пазарни играчи, кои за системот едноставно беа преголеми за да пропаднат („too big to fail“), ќе значеше и системски пад и појава на криза. Недоволното знаење и несериозното сфаќање на моралниот хазард резултираше со спор и слаб одговор на политичката и регулаторна фела, што допринесе за зголемување на јачината на кризата. Силната глобализација, пак, низ своите канали, тој процес само го прави глобален, пренесувајќи ја кризата на светско ниво. Заклучок е дека кризата можеше да биде избегната и дека беше резултат на човечки фактор. Овој факт нѐ води кон основната цел, а тоа е Универзитет „Гпце Делчев“ Штип МАГИСТЕРСКИ ТРУД - Рпберт Аџипетрпв 2 разоткривање на моралниот хазард, посочувајќи го како основен виновник за настанатата ситуација. Потенцирајќи го овој проблем, се зголемува неговата атрактивност помеѓу економските научни работници и потребата од негово детално проучување. Тоа е и основниот начин на кој би превинирале слични појави, со цел нивно избегнување во иднина. Клучни зборови: дерегулација, финансиски деривати, менаџмент наризик,хипотекарен „меур“, рецесија, финансии, асиметрични информации

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 28 Jun 2016 12:35
Last Modified: 28 Jun 2016 12:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15934

Actions (login required)

View Item View Item