Распаѓањето на СФРЈ

Cepreganov, Todor (2016) Распаѓањето на СФРЈ. Faculty of Law, Stip, Macedonia. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Tribina 25 godini od raspad na Jugoslavija.pdf

Download (250Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
T. Cepreganov.pdf

Download (234Kb) | Preview

Abstract

До денес за причините за распаѓањето на СФРЈугославија не постои цврст консензус, како ни за датумот кога тој процес започнал, а кога завршил. Но според хронологијата може да се претпостави дека в о формална смисла распаѓањето на Југославија започнало на 25 јуни 1991 година кога двете дотогашни републики Словенија и Хрватска, едн острано, прогласија независност, а завршува со 27 април 1992 година кога Србија и Црна Гора прогласија држава под името Сојузна Републ ика Југославија. Но еден дел од научните работници сметаат дека процесот на распаѓање на СФРЈугославија всушност започнува уште со донесувањето на Уставот од 1974 година кој од југословенската федерација направил конфедерација т. е. Републиките добија по голема независност во однос на федерацијата. Други пак сметаат дека почетокот на распаѓањето на СФРЈугославија започнува од 1989 година кога со промената на Уставот на Србија, и беше намалена авт ономијата на покраините Косово и Војводина, што од своја страна довела до уставни кризи на федерално ниво, разрешени дури со отцепување на Словенија и Хрватска. Имајќи го предвид фактот што распаѓањето на СФРЈугославија коинцидирало со избувнување на вој ните во СФРЈугославија, односно војните во Хрватска и БиХ, а нивниот исход не бил формализиран сè до Дејтонскиот мировен договор, дел од научните работници сметаат дека распаѓањето на СФРЈ завршило дури во 1995 година. Распадот на СФРЈ, според некои трае се до распаѓањето на Државната заедница Србија и Црна Гора, односно до создавањето нзависни држави Србија и Црна Гора во 2006 година, како и преку едностраното отцепување на Косово во 2008 година.

Item Type: Other
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Todor Cepreganov
Date Deposited: 14 Jul 2016 10:51
Last Modified: 14 Jul 2016 10:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15868

Actions (login required)

View Item View Item