Договорот за осигурување на стока во меѓународниот превоз со посебен осврт на нечесните клаузули кај осигурувањето

Dimitrova, Biljana (2015) Договорот за осигурување на стока во меѓународниот превоз со посебен осврт на нечесните клаузули кај осигурувањето. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_MAGISTERSKA.pdf

Download (1479Kb) | Preview

Abstract

Осигурувањето претставува трговска дејност која што задира во сите гранки на бизнис секторот. Во современите услови на трговско работење, непоимливо е превезувањето на стока во отсуство на осигурителна полиса со важност до крајната дестинација на испорака на стоката (последново се однесува само на случаите кога станува збор само за полиса за покривање на штетата за време на транспортната маршута). Покрај правните аспекти, што подразбира договорот за осигурување, темелното апсолвирање на ова проблематика бара анализа на осигурувањето како трговска дејност. Анализата на правната рамка и дејност на осигурувањето се во насока на осознавање на проблематиката во поширок контекст. Договорот за осигурување се склучува по концептот земи или остави (take or leave it), што во основа значи дека договорот станува перфектен во моментот кога понудениот ќе ги прифати условите за работење на осигурителната компанија, односно согласно теоријата на прием прифатена во нашата правна теорија и законодавство, во моментот кога понудениот ќе го извести понудувачот дека ги прифаќа општите услови за работа. Во правната литература, и во практика ваквиот тип на договори се именувани како атхезиони договори. Договорите склучени по ова концепција, исто така се именувани и како типски договори. Иако во правната литература честопати овие видови на договори се поимаат во исти контекст. Оттука, договори во делот на осигурувањето што ќе ни бидат предмет на анализа се атхезиони или типски договори.. Токму поради овој начин на влегување во облигационо правен однос, се актуализира прашањето за полноважност на општите услови за работење, чија содржина зависи исклучиво од волјата на осигурителната компанија/трговско друштво.1 1 Во македонската правна литература кога станува збор за статус на

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 23 May 2016 09:17
Last Modified: 23 May 2016 09:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15867

Actions (login required)

View Item View Item