Кривичното дело Трговија со луѓе, како облик на организиран криминал во судската практика на Република Македонија

Anastasov, Milorad (2015) Кривичното дело Трговија со луѓе, како облик на организиран криминал во судската практика на Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_Magisterska rabota - Milorad Anastasov.pdf

Download (1145Kb) | Preview

Abstract

Трговијата со луѓе е феномен кој во изминатите години зема се поголем замав и се издига на ниво на заеднички проблем кој го засега општеството во целина. Трговијата не е само кривично дело, таа е многу повеќе од тоа, таа е организиран криминал, кршење на основните човекови права, негирање на човекот како битие, модерно ропство. Taa е растечки транснационален криминален феномен и опасен предизвик за националната и меѓународната безбедност. Иако не е нов феномен, се прошири во нови региони од светот и претставува значителен дел од нелегалната глобална економија. Овој криминалитет се разгледува примарно како национална и меѓународна безбедносна закана. Одговорите на безбедносните закани во овој поглед треба да ги вклучат државните институциии и цивилното општество. Безбедноста не е прашање само на надворешни закани за националниот суверенитет; безбедноста исто така подразбира општество кое ефикасно функционира. Затоа, нема двоумење дека трговијата со луѓе е навистина прашање на регионалната безбедност. Клучни зборови: Трговија со луѓе, причини за трговија, организиран криминал, жртви, организаци, конвенции.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 23 May 2016 09:15
Last Modified: 23 May 2016 09:15
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15866

Actions (login required)

View Item View Item