Создавање на независна Република Македонија

Mitev, Oliver (2015) Создавање на независна Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_Лекторирана магистерска-Оливер Митев.pdf

Download (929Kb) | Preview

Abstract

Процесот на создавање на независна Република Македонија се надоврзува на севкупниот процес на дезинтегрирање на поранешните источноевропски еднопартиски општества, вклучително и она на СФР Југославија, и промовирањето на политичкиот плурализам и демократијата, како основни конституенти на модерните општества. Македонската независност е трасирана со референдумот од 8 септември 1991 година, за веднаш потоа да уследи период на внатрешно консолидирање и меѓународно признавање. Дипломатската иницијатива резултира со прием на Република Македонија (под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија) во Организацијата на обединетите нации. Во следниот период, до есента 1995 година, како резултат на пошироката меѓународна регионална интервенција во поранешна Југославиjа, како и блокадата од Република Грција, Република Македонија се најде во тешка и комплексна состојба. Како резултат на т.н. спор за името, Грција воведува еднострано трговско ембарго, а блокадата е надополнета со неможноста за интеграција на Република Македонија во останатите меѓународни организации и иницијативи. „Статус кво“ состојбата е надмината со Привремената спогодба, по што уследи процес на стабилизирање и унапредување на односите, во прв ред со САД и поголем дел од земјите членки на ЕУ.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 23 May 2016 09:10
Last Modified: 23 May 2016 09:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15863

Actions (login required)

View Item View Item