Заштита на правата на потрошувачите низ призмата на Народниот правобранител

Gorgonoska Manevska, Elena (2015) Заштита на правата на потрошувачите низ призмата на Народниот правобранител. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_Magisterski trud -Zastita na pravata na potrosuvacite niz prizmata na Narodniot pravobrranitel - Elena Gjorgonoska Manevska.pdf

Download (2498Kb) | Preview

Abstract

Потрошувачкиот сектор претставува суштествена алка во синџирот на производство и продажба на стоки и услуги на глобалниот пазар. Во последната деценија на 21 век, потрошувачкиот сектор сè повеќе ја наметнува потребата од подобро позиционирање на својата vis-à-vis позицијата на органите со јавно правни овластувања и приватниот сектор и тоа: првите поради правната рамка која ја предвидуваат на полето на потрошувачкото право, а вторите поради бројните секојдневни односи во коишто влегуваат потрошувачите и бизнис секторот. Сепак, ваквата експанзија на прашањето за заштита на потрошувачките права произлегува од тенденцијатана зголемување и проширување на бројот и видот на потрошувачките договори (B2C-business to consumer). Овие видови на договори секојдневно настануваат на полето на потрошувачкото право и практика. Како дополнителен придонес кон експанзијата и подоброто позиционирање на потрошувачкото право придонесе електронската комунукација и можноста да се влегува во облигационо правни односи на база на концептот прифати или остави (take it or leave it), или во правната теорија познати како адхезиони договори. Овие збиднувања следствено ја наметнаа потребата од ревидирање на правниот режим на заштита на субјектите со статус на потрошувач. Помеѓу неколкуте инструменти коишто му стојат на располагање на потрошувачот, свое место зазема и Народниот правобранител чија улога и значење во поглед на заштитата на потрошувачките права е предмет на наше истражување. Клучни зборови:потрошувач, заштита на правата на потрошувачите, Народен правобранител, јавни услуги, органи со јавно-правни овластувања

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 23 May 2016 08:28
Last Modified: 23 May 2016 08:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15852

Actions (login required)

View Item View Item