Соработката на Интерпол, ООН и НАТО во борбата со современите форми на тероризам во светот во XXI век

Karaguleski, Petar (2015) Соработката на Интерпол, ООН и НАТО во борбата со современите форми на тероризам во светот во XXI век. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_Магистерски+труд+Петар+Караѓулески.pdf

Download (895Kb) | Preview

Abstract

Во борбата против тероризмот ООН има усвоено поголем број на конвенции и резолуции кои се поврзани со борбата против тероризмот. Конвенциите правно ги обврзуваат земјите кои ги потпишале, а од нив се бара да инкриминираат одредени дејствија, да се почитува принципот aut dedere aut judicare (или екстрадиција или гонење), воведување на механизми за меѓународна соработка во борбата против тероризмот. Комитетот за санкции на ОН е единствено овластен да бара од Интерпол да објави Посебна нота. Овие барања не може да дојдат од некоја земја членка или некој друг субјект. Кога Комитетот за санкции бара издавање на посебна нота за определено лице или субјект мора преку формален пат да поднесе барање до Генералниот секретаријат на Интерпол, потоа ова барање се разгледува и се одлучува по него внимавајќи дали се исполнети сите правила на организацијата. Соработката помеѓу НАТО и ООН изминатите неколку години е доста проширена. НАТО и ООН ја прошируваат својата соработка во борбата против современиот тероризам на сите нивоа на кои што дејствуваат односно институционално, на терен, концептуално и политички. Соработката и консултациите помеѓу овие организации не се однесуваат само на справувањето со кризни ситуации, туку нивната соработка се протега и на други прашања како на пример воено-цивилната соработка, борбата против трговијата со луѓе, борбата против тероризмот и друго. После терористичките напади на САД од 11.09.2001 година се променија геополитичките односи во светот. САД го презедоа лидерството во антитерористичката војна, а своитие воени дејствија секогаш ги оправдуваа со тоа дека тие напаѓаат други суверени држави кои се расадник на терористи, или пак кои го поддржуваат и финансираат тероризмот, а како и држави кои наводно имаат некое хемиско, биолошко, радиоактивно и нуклеарно оружје кое би можеле да го искоритат за терористички напади пред се врз западните држави. 4 После овие напади се огласи и НАТО и повикувајќи се на членот пет од Вашингтонскиот договор нападите на САД беа оценети како напад на сите земји членки на НАТО, според принципот на заедничка одбрана. За прв пат во историјата на НАТО, организацијата се повика на членот 5 од Вашингтосникиот договор кој се однесува на колективната одбрана за нешто помалку од 24 часа после нападите на САД. Борбата против тероризмот со која раководи НАТО од 2001 година се одвиваше во неколку фази. Во првата фаза во борбата против тероризмот која трае до 2006 година доаѓа до одреден напредок, воспоставени и применети се поголем број на мерки. Се создадоа посебни мерки за надгледување на воздушниот простор над САД, нови технологии за меѓународна помош, сила за брз одговор на НАТО. Втората фаза започна со НАТО самитот во Рига во 2006 година заедно со оружјето за масовно уништување, тероризмот е определен како најголема опасност во наредните десет до петнаест години. Овој нов пристап покрај постоечките механизми за борбата против тероризмот воспостави и нови воено-технолошки, институционално-правни и политички мерки. Исто така разиени се и посебни програми за соработка на НАТО со Русија и земјите кои учествуваат во Медитеранскиот дијалог. Клучни зборови (посебна нота, Ал Каеда, организиран криминал, Талибанци, мрежа, финансирање тероризам)

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 19 May 2016 13:34
Last Modified: 19 May 2016 13:34
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15844

Actions (login required)

View Item View Item