Компаративно правни аспекти на договорот за лизинг

Eftimov, Dajanco (2015) Компаративно правни аспекти на договорот за лизинг. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_(801302108) MAGISTERSKI TRUD Dajanco Eftimov .doc 2.pdf

Download (1205Kb) | Preview

Abstract

Предмет на анализа и елаборација на овој труд претставува лизингот како трговска дејност и договорот за лизинг како правен инструмент за реализација на правата и обврските кои што произлегуваат со склучувањето на договорот за лизинг. Сепак, во конретна смисла, во фокусот на нашето внимание е лизингот и неговото влијание врз македонското стопанство низ призмата на банкарскиот сектор и правниот режим на лизингот во домашното право и во компаративните правни системи. Во Република Македонија лизинг-дејноста се реализира во далеку помал капацитет од она што претставува стандард или полн капацитет на лизинг- дејноста во Европа и во светот. Нивото и обемот на искористеност на лизингот е директно условен од економијата воопшто и од условите под кои банкарскиот сектор го нуди пакетот на лизинг-дејноста. Лизингот е закуп со одредени специфики кои произлегуваат од природата на ова трговска дејност. Компарирано со останатите институти на договорното право, лизингот има одредени предности и слабости vis-à-vis. Во Република Македонија, лизингот има третман на редуцирано искористен институт, споредено со кредитот како класичен/традиционален модел на финансирање. Еден дел од тоа e условено од психичкиот склоп кај населението, а друг дел од недоволното афирмирање на самиот финансиски инструмент од страна на комерцијалните банки и негово пласирање на финансискиот пазар, како и недоволното познавање на предностите на лизингот од страна на граѓаните на Република Македонијаи нивно искористување во своја полза. Клучни зборови: - лизинг - давател на лизинг - корисник на лизинг - договори за лизинг 4

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 17 May 2016 13:03
Last Modified: 17 May 2016 13:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15828

Actions (login required)

View Item View Item