Дискриминацијата во Европската унија на мигрантите и на граѓаните од новите ЕУ земји-членки

Postolovska, Natasa (2015) Дискриминацијата во Европската унија на мигрантите и на граѓаните од новите ЕУ земји-членки. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_Magisterski%20trud_Natasha%20Postolovska.pdf

Download (1509Kb) | Preview

Abstract

Истражувањето на тема „Дискриминацијата во Европската унија на мигрантите и на граѓаните од новите ЕУ земји-членки„ има за цел да направи споредба за (не)еднаквиот третман на луѓето од новите земји-членки на Унијата и на мигрантите со државјаните од постарите земји-членки на Унијата во смисла на остварувањето на нивните основни човекови права. Преку две перспективи, првата, Дискриминацијата и нееднаквиот третман на државјаните од „новите” и „старите” членки на Унијата преку анализа на правната рамка и фактичката состојба; и втората, Дискриминацијата и нееднаквиот третман на државјаните од трети земји (мигрантите) кои по различни основи се обидуваат или се стекнале со право на престој во државите-членки на Унијата; ќе се направи обид да се согледа фактичката состојба, наспроти гаранциите во законодавството на Европската унија поврзано со правото на слободно движење на мигрантите и на граѓаните на новите земји-членки на ЕУ. Имајќи ги предвид причините за миграција, поврзано со правата на слободно движење на мигрантите и на граѓаните од новите земји-членки, како на државјаните на Унијата, така и на државјаните од трети земји, конкретно, преку вработувањето и семејното обединување, ова истражување ќе направи обид да ги компарира процедурите за стекнување со право на престој во некои од државите –членки на Унијата. Имено, правото на слободно движење на државјаните на Унијата во рамките на Европската унија е детерминирано од неколку фактори, а и од самиот статус на државите од која тие доаѓаат, иако сите de jure се државјани на Унијата. Од тие причини, неопходно е да се дефинира правната рамка за државјанството на Унијата и основите за недискриминација, како и развојот на миграционите политики на Европската унија. Исто, важно е да се изгради сеопфатна европска миграциона политика и заедничка агенда за интеграција на мигрантите кои ги исполниле условите за престој. Ова претставува и предуслов за еднаков третман и треба да го овозможи пристапот на мигрантите до сервисите во државата-домаќин. Затоа, клучни области на интервенција во насока на гаранција на еднаквоста и овозможување на целосно уживање на човековите права на мигрантите во Европската унија се вработувањето, како најчеста причина за миграција и семејното соединување. Доколку се интервенира во истите, ќе се постигне интеграција на мигрантите во државата-домаќин и воедно, ќе се оствари идеалот содржан во една од четирите слободи на Европската унија, слободното движење на луѓе. Клучни зборови: дискриминација, државјанство на Унијата, миграциони политики

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 17 May 2016 13:03
Last Modified: 17 May 2016 13:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15826

Actions (login required)

View Item View Item