Третман и лекување на цервикална спондилоза со традиционална кинеска медицина

Kozovska, Kristina (2016) Третман и лекување на цервикална спондилоза со традиционална кинеска медицина. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Третман-и-лекување-на-цервикална-спондилоза 64 str.pdf

Download (1707Kb) | Preview

Abstract

Болките во ‘рбетот, особено во цервикалниот дел се почесто стануваат хроничен болен синдром. Дегенеративните промени на тврдите и меките ткива се најчеста причина за болки и ограничена подвижност во самиот врат, кои со заедничко име се нарекуваат спондилоза. Цервикалната спондилоза е едно од најчестите заболувања кое што се јавува при процесот на стареење. Со овој термин се означува оштетувањето на зглобовите на цервикалниот дел од ‘рбетот, уште познато и како цервикален остеоартрит. Состојбата се јавува најчесто кај лица постари од 40 години и прогредира со тек во процесот на стареење. Нашата анатомија е таква што не предвидува осум часа седење на столче во канцеларија или на компјутер. Освен овој фактор, други фактори кои влијаат се генетиката, депресија или анксиозност, пасивност, претходни повреди или трауми, дискус хернија и како најзастапен и основен фактор – стареењето. Покрај конзервативниот третман на лечење со аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекови, имобилизација или хируршки третман, постои и друг ефикасен начин на лечење со Традиционална Кинеска Медицина (TKM), која постои и се користи повеќе од 5000 години. Третманите што ги опфака Кинеската медицина се акупунктура, хербална медицина, таи чи и чи гонг вежби, туина масажа, терапија со вендузи, моксибустија, гуа ша и нутриционизам. Акупунктурата е главен дел од ТКМ и претставува третман кој е насочен кон третирање на симптомите на состојбата и причините за неа, земајќи го во предвид психофизичкото здравје на индивидуата, начинот на исхраната, животните услови и стил. Акупунктурата е третман при којшто во кожата се вметнуваат многу тенки стерилни игли со цел да се постигне соодветен баланс Третман и лекување на цервикална спондилоза со Традиционална Кинеска Медицина Специјалистички труд | 4 во организмот. Според традиционалната Кинеска филозофија човековото здравје зависи од состојбата на енергијата или Чи, која се движи по одредени меридијани, каде на специфични точки се вметнуваат иглите се со цел да се корегира протокот на Чи енергијата, кој ако е недоволен, небалансиран или прекинат може да доведе до болест. Акупунктурата како третман за цервикална спондилоза се користи многу често која е тотално безбедна и нема несакани ефекти. Акупунктурните точки коишто се обработуваат се лоцирани на вратот и главата и со нивна стимулација доаѓа до ублажување на симптомите при што се отстрануваат блокадите во меридијаните и се подобрува протокот на Чи енергијата. Клучни зборови Цервикална спондилоза, симптоми, третман, Традиционална Кинеска Медицина, акупунктура

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 May 2016 07:54
Last Modified: 17 May 2016 07:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15825

Actions (login required)

View Item View Item