Збор-два за неколку современи руски раскази

Golakov, Kostadin (2015) Збор-два за неколку современи руски раскази. Современост, 64 (3). pp. 120-127. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
Golakov Sovremenost.pdf

Download (882Kb) | Preview

Abstract

Краток осврт на неколку руски раскази од современи автори. Кога пред повеќе од петнаесетина години разговарав со еден познавач на руската литература, бев заинтригиран од неговото тврдење дека годините по распадот на СССР можат да се наречат „Бронзен век“ на руската книжевност. Првичната моја реакција беше неверување, потоа потсмев, за на крајот на разговорот да морам да му се извинам поради моето недоволно познавање и незнаење.Како течеше тој разговор: позната ви е ситуацијата кога во неврзан муабет, жалејќи се дека немате доволно време за добра книга, истовремено го давате и вечниот изговор дека „ништо ново не може да се прочита, сѐ е веќе напишано“. Мојот соговорник гласно се насмеа и ме прекори, велејќи дека се однесувам како некој за кого времето застанало во 1990 година. Следеше и неговото објаснување: „Добра книга веќе не мора да купиш во книжарница. Имаш богатство од добри книги на Интернет, треба само да знаеш како да ги најдеш. И да имаш волја и време за читање. Многу време“.„А добри раскази?“. Тој повторно се насмеа. Расказите што можете да ги про читате во превод на македонски, почитувани, се резултатот од тој разговор. И тоа е само еден многу, многу мал дел од она што може да се нарече современи руски раскази. Не беше потребно многу време да се пронајдат на Интернет, беше потребно многу време да се прочитаат, да се издвојат неколку од оние највпечатливите и да се преведат.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Kostadin Golakov
Date Deposited: 05 Dec 2016 09:52
Last Modified: 05 Dec 2016 09:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15753

Actions (login required)

View Item View Item