Менторската поддршка и професионалниот развој

Stojceska Gjorgioska, Mirjana and Serafimova, Mimoza (2012) Менторската поддршка и професионалниот развој. In: First International Scientific Conference - Contemporary management challenges and the organizational sciences, 21-22 June 2012, Bitola, R. Macedonia.

[img]
Preview
Text
Менторската поддршка и професионалниот развој.pdf

Download (1206Kb) | Preview

Abstract

Знаењата и вештините кои ги стекнал наставникот во базичното образование не се доволни за целиот работен век и затоа треба да се надоградуваат. Професионалната квалификуваност на наставникот не смее да заврши со стекнување на диплома, туку треба постојано да ја развива и унапредува наставна практика. Образованието и обуката на наставниците беше и сеуште претставува еден од приоритетите на нашата земја. Во „општество кое учи“ што се стремиме да го создадеме, наставникот од класичната улога на предавач, преминува се повеќе во улога на поучувач кој води ученикот и и му помага сам да го организира и раководи процесот на учење. Утврдувањето на најефикасни методи за изведување на наставата е од суштинско значење за наставниот процес. Доколку имаат способни ментори, наставниците ќе се здобијат со дополнителна поддршка за реализирање на ефективна настава. Ваквиот начин на работа со наставниците од страна на обучени наставници ментори за примена на нови наставни методи започна со спроведувањето на проектот СЕА-активности во средното образование. Менторите формираа тимови во училиштата кои им помагаа на наставниците во примената на новите наставни методи, правеа анализа преку која се согледаа предностите и проблемите кои се јавија при нивната примена, бараа начини за нивно надминување. Какви сознанија се добиени и како тоа влијае на професионалниот развој на наставникот е претставено во овој труд. Клучни зборови: ментори, настaва, професионален развој.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mimoza Serafimova
Date Deposited: 04 Apr 2016 08:49
Last Modified: 04 Apr 2016 08:49
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15669

Actions (login required)

View Item View Item