Секциско предавање на тема „Металитературните сегменти во ’Театарски роман‘ на Булгаков и во ’Вештица‘ на Андоновски“

Belcev, Tole and Mladenoski, Ranko (2016) Секциско предавање на тема „Металитературните сегменти во ’Театарски роман‘ на Булгаков и во ’Вештица‘ на Андоновски“. In: I Меѓународна научна конференција ФИЛКО, 18-19 March 2016, Stip, Macedonia. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Belcev i Mladenoski izlaganje na FILKO 2016 Stip.pdf

Download (777Kb) | Preview

Abstract

На I Меѓународна научна конференција ФИЛКО што се одржа на 18 и 19 март 2016 година во Штип во коорганизација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во Русија, професорите Толе Белчев и Ранко Младеноски учествуваа со секциско предавање на тема „Металитературните сегменти во ’Театарски роман‘ на Булгаков и во ’Вештица‘ на Андоновски“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека станува збор за компаративна студија во која се истражуваат металитературните наративни постапки во два романи од две различни епохи и две различни култури – „Театарски роман“ на рускиот автор Михаил Афанасиевич Булгаков од 1937 година и „Вештица“ на македонскиот автор Венко Андоновски од 2006 година, како и тоа дека при споредбената анализа на двата романи особено внимание се обрнува на идентичните, односно на еквивалентните металитературни сегменти во двете нарации. Во текот на излагањето, исто така, беше појаснето дека металитературни сегменти се оние делови од нарацијата во кои се зборува за особините на книжевно-теорискиот метајазик или, поинаку кажано, тоа се раскажувачки фрагменти во кои литературата говори за карактеристиките на самата литература (структурата на книжевното дело, неговата естетска, односно уметничка вредност и слично). Станува збор, всушност, за една типична постмодернистичка постапка што се среќава во двата романи што се анализираат. Во заклучокот од излагањето се потенцираше дека резултатите од анализите на двете книжевни дела покажуваат оти и покрај дистанцата (временска, просторна и културна), сепак, двата романи („Театарски роман“ на Булгаков и „Вештица“ на Андоновски) поседуваат идентични металитературни сегменти што, пак, од своја страна ја потврдува тезата за раскажувањето како универзална категорија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 23 Mar 2016 10:12
Last Modified: 23 Mar 2016 10:12
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15633

Actions (login required)

View Item View Item