Личната комуникациска ефикасност на менаџерот

Serafimova, Mimoza (2016) Личната комуникациска ефикасност на менаџерот. Other. 2ri Avgust, Stip, 2ri Avgust, Stip.

[thumbnail of Личната комуникациска ефикасност на менаџерот.pdf]
Preview
Text
Личната комуникациска ефикасност на менаџерот.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Овој труд е наменет за сите оние коишто чувствуваат потреба да ја надградат својата комуникациска способност како начин за поефикасно справување со секојдневното деловно комуницирање како менаџери или идни менаџери. Основна цел е да помогне во совладувањето практикување комуникациски вештини од аспект на културата на изразувањето и комуникацијата, но и на најважните теми што ги покриваат комуникациските аспекти на работењето и во менаџирањето со човековите ресурси, внатре во организацијата и во нејзиното окружување. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите за секојдневното работно окружување. Начинот на појаснување на сите сложени прашања од областа на комуникацијата е пристапен, со примена на пристапи во непосредната практика. Оттука, концизното и експлицитното презентирање на проблематиката од оваа област, дава голема можност за користење на овој материјал.
Трудот е напишан со јасен и разбирлив јазик, методолошки структуриран во пет глави кои меѓу себе се надополнуваат, а во секоја од нив се разработени основните поставки, потребата и значењето на практикувањето на културата на изразување и комуникација во секојдневната работата на менаџерот.
Секоја глава започнува со кратко информативно појаснување за точките кои ја обработуваат главната тема понудена на почетокот. На крајот на ракописот, соодветно се нотирани библиографските единици кои се цитирани во текстот, а се однесуваат на монографски единици, периодични списанија, статии, извештаи и интернет страници.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mimoza Serafimova
Date Deposited: 22 Mar 2016 12:35
Last Modified: 22 Mar 2016 12:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15625

Actions (login required)

View Item View Item