Ревизорски тестови

Sukrieva, Dragica (2016) Ревизорски тестови. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Драгица-Мицовска-магистерска-конечна-Лект. (2).pdf

Download (1325Kb) | Preview

Abstract

Ревизијата претставува процес при кој ревизорот врши преглед на финансиските извештаи, со цел да изрази независно мислење за вистинитоста и точноста на податоците содржани во нив. Ревизијата претставува процес кој бара претходно планирање на активностите, подготвување соодветна програма кој ревизорот би ја следел при спроведување на активностите, проценка на ревизорскиот ризик, прибирање на доказен материјал и на крај формирање на ревизорски извештај. Прибирањето на доказен материјал има за цел да го увери ревизорот во вистинитоста на исказите. Еден од стандардите и барањата за работа на терен бара од ревизорот да прибере доволно валидни докази за да го поткрепи изразеното мислење. Ревизорските постапки кои се користат за прибирање на докази се нарекуваат тестови на ревизијата. Тестовите можат да бидат: тестови на контрола и независни (суштински тестови). Тестовите на контрола се изведуваат со помош на следниве методи: интервју, инспекција, набљудување, усогласување, повторно изведување, потврдување. Независните тестови имаат за цел да се добие ревизорски доказ во врска со откривање на материјално значајни погрешни искази. Овие тестови опфаќаат детална проверка на трансакции, салда и применување на суштински аналитички постапки. Природата на независните тестови зависи од видот и ефикасноста на ревизорските процедури кои треба да се спроведат. Со спроведување на овие тестови ревизорот утврдува дали трансакциите се правилно прокнижени, дали се евидентирани во соодветниот сметководствен период, дали се правилно класифицирани во билансни позиции, како и дали истите се правилно прокнижени во главната книга. Со ваквото испитување се добиваат непосредни докази за реалноста и објективноста на податоците кои менаџментот ги презентирал во финансиските извештаи.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 22 Mar 2016 14:26
Last Modified: 22 Mar 2016 14:26
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15615

Actions (login required)

View Item View Item