Минерагенетски карактеристики и 3d модел на наоѓалиштата на гранитоиди на потегот Пештани – Чаниште, прилепско

Stojkov, Sašo (2016) Минерагенетски карактеристики и 3d модел на наоѓалиштата на гранитоиди на потегот Пештани – Чаниште, прилепско. Masters thesis, Unervisity Goce Delcev - Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Магистерски труд.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Магистерски труд.pdf

Download (13MB) | Preview

Abstract

Во овој труд комплексно ќе бидат презентирани минерагенетските карактеристики
на гранитоидните карпи на потегот Пештани – Чаниште, односно ќе бидат
презентирани сите параметри кои ќе се добијат како резултат на извршените
научни испитувања кои донекаде ќе дадат една јасна слика за специфичноста на
појавувањето, типот и видот на ганитоидните карпи, кое пред се бара една научна
подлога за насочување на регионалните и деталните геолошки истражувања во
функција на осознавањето на пошироката околина, најнапред во доменот на
структуролошките прашања, а потоа и на, со време, запоставуваните
минералошки карактеристики на гранитоидните карпи.
Врз основа на резултатите од испитувањето, со современ пристап и користењето
на аналитичките податоци даден е петрографски приказ на сите вариетети на
гранитоидни карпи. Хемискиот составот на карпите заедно со нивниот
квантитативен минерален состав и хемискиот состав на минералните фази
послужија како основа за нивна современа класификација.
Моделирањето на поедини делови од наоѓалиштата во трите димензии неспорно
доведуваа до насочување и моделирање на перспективните резерви во услови на
активна експлоатација со комерцијална димензија. Ваквото моделирање особено
има своја непобитна страна во осознавањето на степенот на распуканоста, што е
еден од основните услови за комерцијалитетот на финалниот производ.
Пазарната вредност на гранитоидните карпи од проучуваните неспорно има
големо влијание во насочувањето на геолошките истражни работи и отвора
можност за проширување на експлоатационите површини.
Клучни зборови: гранитоидни карпи, моделирање, минералошки состав,
геохемиски карактеристики, главни елементи, микроелементи

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 02 Mar 2016 13:22
Last Modified: 02 Mar 2016 13:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15577

Actions (login required)

View Item View Item