Определување на примената и ефективноста на рефрактивните профили

Boskov, Marjan (2016) Определување на примената и ефективноста на рефрактивните профили. Masters thesis, Unervisity Goce Delcev - Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_MARJAN GOTOVO 16.01.2016.pdf

Download (1886Kb) | Preview

Abstract

Во научниот труд се разработува примената и апликативноста на сеизмичките методи за геолошки испитани и релативно познати средини, со цел да се определи нивната прецизност и ефективност. Сеизмичките методи се користат за испитување на под површинската структура на истражниот простор преку определување на брзините на простирање на еластичните бранови низ геолошките структури. Поради хоризонталната наслоеност (без појава на вертикални раседи) на геолошката структура во истражниот простор како и адекватните гео – механички карактеристики на геолошките средини (секој подлабок слој има поголема брзина на простирање на еластичните бранови од претходниот) во научниот труд е обработена постапката на примена и интерпретација на рефрактивната сеизмичка метода. Геолошкиот простор е истражуван до длабочина од 25m и е претставен во една профилна линија составена од вкупно 5 истражни бушотини со вкупна должина од 240m. Должината на рефрактивните профили, нивната бројка, како и начинот на преклопување на истражната средина зависи од наслоеноста на земјиштето, длабочината на испитување, како и гео - механичките карактеристики. Длабочината на испитување зависи од оддалеченоста меѓу изворот и рецепторот на еластичните бранови и е еднаква на една половина од тоа растојание. Истражниот простор преку сеизмички испитувања се моделира до длабочина од 30m, па според тоа рефрактивните профили се со должина од по 60m. Со цел да се покрие целата должина на истражниот простор изработени се вкупно пет рефрактивни профили кои се преклопуваат на секои 50m. Гео – механичките карактеристики на геолошките средини се добиени преку директни лабораториски испитувања, а преку нив за секоја геолошка средина се определува брзината на простирање на P и S еластичните бранови. Поради недостаток на теренски испитувања рефрактивните профили се изработени синтетички врз основа на геолошките и гео – механичките податоци. Преку интерпретацијата на рефрактивните методи се определува бројот на различни геолошки средини, брзината на простирање на еластичните бранови, а преку t0 Определување на примената и ефективноста на рефрактивните профили 6 методата и длабочината до секоја гранична површина која одделува две различни геолошки средини. Клучни зборови: сеизмичко истражување, еластични бранови, сеизмичка рефракција

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 02 Mar 2016 13:17
Last Modified: 02 Mar 2016 13:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15575

Actions (login required)

View Item View Item