Биоетика, мултикултура, мултилингвалност и аквизиција на странски јазик

Kukubajska, Marija Emilija and Aleksova-Danevska, Biljana (2014) Биоетика, мултикултура, мултилингвалност и аквизиција на странски јазик. Годишен зборник 2014 - Филолошки факултет, 5. ISSN 1857-7059

[img]
Preview
Text
Kukubajska 3.pdf

Download (182Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/issue/view/62

Abstract

Работилницата Биоетика, мултикултура, мулти- лингвалност и аквизиција на странски јазик се одржа со целна група која послужи да: 1. информира за значењето и улогата на етичките пораки во литературата за основно образование; 2. примени современи креативни јазични и книжевни методи во изучување на англискиот како странски јазик, во тријазична наставна средина: англиски, турски и македонски јазик; 3. Стимулира креативни мисловни потенцијали за откривање на нови зборови и 4. мотивира ученици од јуручкото население за истражување на англискиот јазик преку позитивни пораки за хуманите етички вредности. Моралните инспиративни, позитивни и конструктивни пораки беа препознавани и применувани низ јазично-книжевни активности во работилницата. Меморирањето на наставна материја беше поттикнато преку современ метод на интегрирање на јазичното образование со концепти и идеи за морално воспитување кои кореспондираат со традиционалните идеи меѓу ова муслиманско население во Македонија. Ангажирањето на вниманието кај учениците и регистрираната зголемена ретенција на биоетичките пораки пропорционално се зголеми со опфаќање на теми од култура на живеење, етичко-духовни, интелектуални, емотивни и социјализациски вредности. Квалитетот на резултатите од работилницата покажа дека методите за стимул на меморизација преку асоцијативни сегменти од позитивен вокабулар, иновативни неологизми, креативно мислење и мултикултуролошка социјализација, доведуваат до образовно-воспитни цели кои ги надминуваат просечните успеси. Оваа активност имаше за цел да помогне во култивирање на а) интересот на учениците, особено од женската популација, за натамошно школување и б) подигнување на нивото на свеста кај сите ученици за развој на нивните потенцијали и по осумгодишното образование. Клучни зборови: аквизиција на јазик, биоетика, култура, асоцијација, меморија

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Humanities > Other humanities
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kukubajska
Date Deposited: 24 Feb 2016 12:30
Last Modified: 24 Feb 2016 12:30
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15548

Actions (login required)

View Item View Item