Креативноста и стимулот на ученикот преку комплексната постапка за обработка на буква

Kitanova, Irena (2015) Креативноста и стимулот на ученикот преку комплексната постапка за обработка на буква. In: Состојби, предизвици и перспективи во воспитанието и образованието во Република Македонија: зборник на трудови, 2015, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Зборник на трудови Општина Штип (1).pdf

Download (4000Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Kitanova 1.pdf

Download (538Kb) | Preview

Abstract

Човековата потреба да сознава и соопштува, да ја исполнува сопствената личност, многу зависи од читањето и пишувањето. Неписменоста значи оддалеченост од духовната благосостојба која ја овозможува пишаниот т.е. печатениот збор, социјален, културен и технички хендикеп. Воведувањето во вештините на читањето и пишувањето значи ученикот да се оспособи да го разбере интелектуалниот, личниот и духовниот животот . Затоа е важно ученикот од прво одделение да почувствува потреба да научи да чита и пишува, и задачата да му претставува радост, а не оптоварување. Во практиката наидуваме на многу методи за почетно читање и пишување, што зборува за значењето кое го има оваа проблематика. Разновидноста во тој поглед е сосема оправдана, бидејќи изборот на методи зависи од многу фактори, меѓу кои најпресудни се односите на структурата и природата на јазикот на еден народ. Целта на современите методи е ученикот што поедноставно, побргу и поефикасно да научи да чита и пишува. Клучни зборови: Комплексна постапка, развој на читање и пишување, вештини, методи,креативност .

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Irena Kitanova
Date Deposited: 22 Feb 2016 09:16
Last Modified: 22 Feb 2016 09:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15530

Actions (login required)

View Item View Item