Функционирање на економско - социјалниот совет на Република Македонија во периодот 1997 - 2007 година

Majhosev, Andon (2008) Функционирање на економско - социјалниот совет на Република Македонија во периодот 1997 - 2007 година. Masters thesis, Институт за социолошки и правно политички истражувања (ИСППИ) - Скопје.

[img]
Preview
Text
магистерски труд.pdf

Download (379Kb) | Preview

Abstract

Предмет на истражување во трудот е функционирањето на Економско-социјалниот совет во Република Македонија во периодот 1997-2007 година. Поимот Економско социјален совет се однесува на институционална форма која претставува трипартитно советодавно тело кое го сочинуваат претставници на владата, синдикатот и здружението на работодавци (со учество на експерти), преку кое се одвива социјалниот дијалог и значаен дел од преговарачката функција на социјалните партнери за прашања од економско-социјалната сфера со цел да се обезбеди социјален мир и социјална хармонија, како услов за политичка стабилност на државата. Во истражувањето анализирани се условите, односно претпоставките од аспект на внатрешни и надворешни влијанија врз ефективното функционирање на Советот. како позначајни надворешни претпоставки што се анализирани се: постојната правна рамка во државата,репрезентативноста на социјалните партнери,организационо-техничките услови, капацитетот на преговарање на партнерите, учеството на независните експерти на седниците на Советот. Од надворешните претпоставки анализирана е само идеолошката припадност на власта (левица-десница). Работата на Економско социјалниот совет e анализирана особено во периодот од 2003-2008 година, бидејќи само за наведениот период постојат расположиви пишани документи (записници). Клучни зборови: Економско-социјален совет, трипартизам, социјален дијалог, ефективност, социјален мир, социјален конфликт,социјално партнерство и компромис.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 19 Feb 2016 10:50
Last Modified: 19 Feb 2016 10:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15506

Actions (login required)

View Item View Item