Редефинирање на семејните вредности во САД: Прогресивен идеализам со регресивна ерозија

Kukubajska, Marija Emilija (2014) Редефинирање на семејните вредности во САД: Прогресивен идеализам со регресивна ерозија. Зборник на трудови од Прва меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. ISSN 978-608-244-129-0

This is the latest version of this item.

[img]
Preview
Text
Programa_1_megunarodna_konferencija_praven.pdf

Download (836Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Proceedings%2c Vol. 3.pdf

Download (6Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
MK 2.pdf

Download (357Kb) | Preview

Abstract

Овој труд е анализа на истражувања на Херитиџ фондацијата, за значењето на семејството, неговата традиционална брачната врска меѓу двополови родители (мајка и татко) и нејзиниот импакт врз здравјето на детето, индивидуата, културата и општеството. Ставовите се поткрепени со статистички факти од општествено-политички, медицинско-психолошки, културолошко-етички и религиозни наоди: деца одраснати во традиционални семејства покажуваат најдобар успех во образованието, во фамилијарната и општа социјализација, во балансиран емотивен и сексуален развој; тие деца бележат и најмал број на деликвентност и затворски казни за разлика од децата во алтернативни семејства со ревидирани или игнорирани морални вредности. До слични статистики доаѓаат и некои либерално-прогресивните, секуларни истражувачки центри како и конзервативни трустови на мозоци кои сепак ги бранат традиционалните морални норми. Објективните податоци сепак не успеваат да го ублажат непомирливитот антагонизам помеѓу овие идеолошки непријатели: за и против традиционална содржина и структура на семејството и бракот. Анализата издвојува состојби и трендови за промени на традиционалните семејни вредности кои се мета на ревизија и редефинирање, бескомпромисно наметнувано од атеистичкото, утилитарно, полигамно (poliamorous) и хедонистичко малцинство во американското општество. Тој тренд има легален потенцијал и дискриминаторска агенда да го анатемизира и укине традиционалното семејство и неговите милениумски поливалентни културолошки и религиозни слободи и права, во земјата на денес неподносливата тешкотија на толеранцијата.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Other humanities
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kukubajska
Date Deposited: 16 Feb 2016 12:12
Last Modified: 16 Feb 2016 12:12
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15469

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item