Техники на мониторинг на изложеност на гасови на отворен простор во урбана средина

Angelovski, Dejan and Mirakovski, Dejan and Hadzi-Nikolova, Marija and Doneva, Nikolinka (2015) Техники на мониторинг на изложеност на гасови на отворен простор во урбана средина. Natural Resources and Technology, 9 (9). pp. 213-233. ISSN 1857- 8829

[img]
Preview
Text
1283-2452-1-PB.pdf

Download (1209Kb) | Preview

Abstract

Современиот начин на живеење, брзиот пораст на индустриското производство, технолошкиот напредок, интензивните и современи форми на производство, со цел задоволување на потребите на човечката популација која се зголемува со забрзано темпо, доведуваат до неминовно загадување на животната средина, а особено на амбиентниот воздух. Најчести загадувачи на воздухот се цврстите честички (РМ2,5 и РМ10), CO, NO2 и SO2 кои истовремено се вбројуваат и во групата на загадувачки супстанции кои го определуваат квалитетот на амбиентниот воздух. Во овој труд се прикажани техниките на мониторинг на изложеност на гасови на отворен простор во урбана средина и резултатите од студија спроведена во 2014 година, во рамки на која беа вршени мерења на изложеност на CO, NO2 и SO2 на група од 6 (шест) работници кои своите работни задачи ги извршуваат на отворен простор, во близина на фреквентни сообраќајници и во населени места. Во периодот кога се вршени мерењата според извештаите кои ги даваа надлежните институции концентрацијата на загадувачките супстанции на мерните места на територијата на град Скопје беше неколку пати над максимално дозволената. Имајќи предвид дека резултатите од спроведената студија покажаа дека најголема концентрација на која се изложени спомената категорија на работници е концентрацијата на јаглерод моноксид, во трудот ќе бидат прикажани резултатите од персоналната изложеност на сите три загадувачки супстанции, со посебен осврт на резултатите од персоналната изложеност на работниците на јаглерод моноксид (СО).

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marija Hadzi-Nikolova
Date Deposited: 12 Feb 2016 10:00
Last Modified: 12 Feb 2016 10:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15363

Actions (login required)

View Item View Item