Присуство на вирусот на свиткување на листовите кај виновата лоза во Македонија

Arsov, Emilija and Mitrev, Sasa and Rusevski, Rade and Karov, Ilija and Dimovska, Violeta (2015) Присуство на вирусот на свиткување на листовите кај виновата лоза во Македонија. Yearbook, Faculty of Agriculture, Goce Delcev University, 13 (1). pp. 5-25. ISSN 1857- 8608

[img]
Preview
Text
Emilija Kostadinovska.pdf

Download (2025Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Emilija Kostadinovska.pdf

Download (2444Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/index

Abstract

Растителните вируси се група на патогени кои придонесуваат за значителни загуби во приносот и имаат големо економско значење. Тие се облигатни паразити и за нивна репликација користат дел од растителните клетки на домаќинот. Конкретно кај виновата лоза штетното дејство од вирусната инфекција се манифестира во намалување на приносот и квалитетот на грозјето, намалување на векот на лозите, во калемовото производство – намалување на приносот и квалитетот на резниците за калемење, како и слабо сраснување на спојното место. Со примена на серолошка ELISA техника и молекуларна RT-PCR дијагностика извршивме утврдување на присуството на еден од најшироко распространетите флоемски вируси кај виновата лоза, вирусот на свиткување на листовите – Grapevine leafroll associated virus GLRaV (-1,-2,-3,-7). Истражувањето опфати вкупно 382 изолати од вируси кај виновата лоза, во периодот од 2008 до 2014 година. Од вирусните промени кај виновата лоза беше следено и потврдено присуството на вирусот на свиткување на листовите кај виновата лоза (Grapevine leafroll associated virus) со групите -1 и -3 од овој вирус (GLRaV-1, GLRaV-3).

Item Type: Article
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Emilija Arsov
Date Deposited: 11 Feb 2016 15:26
Last Modified: 23 Dec 2016 12:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15315

Actions (login required)

View Item View Item