Влијанието на технологијата и иновациите врз креирањето на менаџмент стратегија на претпријатието

Paneva, Marina and Miceski, Trajko (2015) Влијанието на технологијата и иновациите врз креирањето на менаџмент стратегија на претпријатието. Годишен зборник, 2015. Економски факултет, 8 (7). ISSN 1857- 7628

[img]
Preview
Text
m.paneva.pdf

Download (6Mb) | Preview

Abstract

Во овој научноистражувачки труд е објаснето влијанието на технологијата и иновациите врз процесот на креирање на правилна менаџмент стратегија. Промените што постојано се случуваат во надворешното опкружување стануваат критичен фактор за работењето и успехот на претпријатието. Со тоа се јавува потребата за постојано проучување на опкружувањето, моменталната состојба и согледување на можностите што тоа може да му ги пружи на претпријатието. Во тој поглед, се објаснува, стратегискиот менаџмент како континуиран процес на создавање успешни конкурентски стратегии. Во процесот на стратегискиот менаџмент посебно внимание е посветено на технологиите и иновациите. Имајќи предвид дека технологијата денес е распространета насекаде, значајна и застапена во сите активности со кои се занимава човекот, може да кажеме дека секоја активност што произведува вредност користи некоја технолошка помош која ги комбинира купените инпути и човечките ресурси за да произведе некој аутпут. Иновацијата во суштина претставува унапредување на технологијата.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Trajko Miceski
Date Deposited: 05 Feb 2016 13:07
Last Modified: 05 Feb 2016 13:07
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15278

Actions (login required)

View Item View Item