Истражувања во наставната пракса

Jovanova-Mitkovska, Snezana (2015) Истражувања во наставната пракса. In: Меѓународна научна конференција на Факултетот за образовни науки, 24-25 Sept 2015, Stip, Macedonia. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
programa FES 2015.pdf

Download (283Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Истражувања во наставната пракса.pdf

Download (414Kb) | Preview

Abstract

Модернизацијата и рационализацијата на процесот на воспитание и образование е незамислива без организација и реализација на педагошките истражувања. Приматот во организацијата и реализацијата на овие истражувања до пред неколку години го имаа научниците- истражувачи, креаторите на образовната политика. Промените кои се случуваат во областа на воспитанието и образованието доведоа до промени во позицијата и улогите на современиот учител (наставник, воспитувач): улога на поучувач, советник, насочувач, координатор, организатор, менаџер, рефлексивен практичар, иноватор,.. улога на истражувач. Менувањето, иновирањето на наставната работа, воспитната пракса е незамисливо без спроведување на конкретни истражувања во кои улогата на истражувач ќе ја има токму учителот. За остварување на оваа улога неопходна е соодветна методолошка писменост која учителот ја стекнува во текот на иницијалното образование, а понатаму истата ја усовршува по пат на негово учество во конкретни истражувања, во улога на помошник истражувач, партнер, па се до реализација на сопствени истражувања (улога на организатор и реализатор на истите). Во трудот се презентирани теоретските согледувања кои се однесуваат на улогата и значењето на емпириските, применетите истражувања во воспитната пракса, како и презентирани се резултати од реализирано истражување кои се однесуваат на ставовите и мислењата на наставниците (наставен кадар од првиот и дел од вториот циклус од основното деветгодишно образование) за придонесот кој го имаат применетите истражувања за развојот на воспитно-образовната, наставната пракса.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Jovanova
Date Deposited: 02 Feb 2016 11:38
Last Modified: 02 Feb 2016 11:38
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15255

Actions (login required)

View Item View Item