Примена на Mетодата на конечни елементи при пресметка на чиниести пружини на фрикциони спојки кај моторните возила

Simeonov, Simeon and Mirakovski, Dejan and Cvetkov, Slavco and Simonovski, Petar and Cekerovska, Marija and Milev, Sasko (2015) Примена на Mетодата на конечни елементи при пресметка на чиниести пружини на фрикциони спојки кај моторните возила. [Project]

[img]
Preview
Text
Abstract Proekt.pdf

Download (239Kb) | Preview
Official URL: https://scholar.ugd.edu.mk/simeonsimeonov/proekti

Abstract

Фрикционите спојки се механизми поставени помеѓу моторот и менувачот на возилото и се користат за пренесување на вртежен момент од моторот на возилото на трансмисијата. Потребната сила на притисок помеѓу фрикционите површини се обезбедува со притисно завојни или чиниести пружини. Со истрошување на облошките од фрикциониот диск доаѓа до намалување на притисната сила при притисно завојни пружини, а со тоа и до намалување на вртежниот момент. Кај чиниестите пружини силата на притисок е релативно константна и тие се изложени на сложени динамички оптоварувања. Поради ова, потребно е да се изврши правилен избор на параметрите на чиниестата пружина, за што ќе се користи методот на конечни елементи. Целта на проектот е да се изврши димензионирање на чиниеста пружина со примена на методот на конечни елементи, да се изврши споредбена анализа помеѓу резултатите добиени со формулите на ALMEN i LASZLO за пресметка на чиниести пружини и да се утврдат факторите кои доведуваат до можни отстапувања помеѓу овие две формули. Методот на истражување опфаќа употреба на теоретски и експериментални алатки, анализа и статистичка обработка на податоците добиени со мерења и математичко моделирање. Добиените резултати ќе имаат научен и широк апликативен карактер и истите ќе се применуваат при димензионирање на чиниестите пружини како составен дел на фрикционите спојки кои пак се неопходен составен дел од секое современо моторно возило.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Faculty of Mechanical Engineering
Depositing User: Simeon Simeonov
Date Deposited: 05 Feb 2016 15:17
Last Modified: 05 Feb 2016 15:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15237

Actions (login required)

View Item View Item