Улогата на Александар Линин за развојот на македонската етноорганологија

Angelov, Goranco (2015) Улогата на Александар Линин за развојот на македонската етноорганологија. In: Балканската култура низ призмата на фолклористичко-етнолошките истражувања. Институт за фолклор „Марко Цепенков" - Скопје, pp. 357-366.

[img]
Preview
Text
ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР МАРКО ЦЕПЕНКОВ.pdf

Download (243Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Ангелов Зборник (1).pdf

Download (501Kb) | Preview

Abstract

„Меѓу истражувачите на македонскиот музички фолклор, секако едно од највидните места зазема првиот доктор по музички науки во нашата Република – Александар Линин“ (Голабовски, 1999: 343). Истражувајќи го развојот на македонската етномузикологија и етноорганологија кај нас, но и кај пошироката стручна јавност, посебно внимание предизвикуваат научните достигнувања на Александар Линин. Имајќи го предвид периодот на неговите истражувања на музичкиот фолклор, пред и по Втората светска војна, од денешен аспект, неговите сознанија се од огромно значење и од исклучителна важност за Македонската етномузикологија и етноорганологија. Линин е еден од првите истражувачи, кој се издвојува со неговиот темелен и стручен научен пристап во проучувањето и елаборирањето на македонскиот музички фолклор, односно на вокалната и инструменталната музика, вклучително и на народните музички инструменти, со кои се служело населението во Македонија. Публикувајќи голем број научни и стручни трудови, кои се темелат на сопствените теренски истражувања и на истражувањата на странски фолклористи и етномузиколози, Линин произнесува значајни информации поврзани со вокалната и со инструменталната музика, како и со народните музички инструменти.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 28 Jan 2016 11:50
Last Modified: 28 Jan 2016 11:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15148

Actions (login required)

View Item View Item