Можност за примена на полу-аеробна метода за формирање на санитарна депонија

Vezenkov, Borce (2015) Можност за примена на полу-аеробна метода за формирање на санитарна депонија. Masters thesis, Goce Delcev Unirsity - Stip.

[thumbnail of b vezenkov-Magisterska - lektorirana.pdf]
Preview
Text
b vezenkov-Magisterska - lektorirana.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Ситуацијата со управувањето со цврстиот комунален отпад во Република
Македонија се карактеризира пред се како супстандардна и неефикасна, а
системот е попречен од сериозни финансиски, организациски и низа технички
недостатоци. Тоа резултира со различни дисфункционални системи на
национално и општинско ниво и поврзани негативни ефекти врз животната
средина и здравјето на луѓето, како што е нестандардно депонирање и фрлање на
отпадот. Европската унија работи на тоа да се минимизира влијанието врз
животната средина од управувањето со отпадот и да се намали отпадот што се
отстранува на депониите. За да се постигне ова поставени се строги критериуми
за управувањето со депониите кои бараат исполнување на многу стандарди, но и
финансиски средства кои моментално претставуваат најголем проблем. За таа
цел потребно е примена на нови методи и техники со кои ќе се подобри
управувањето со депониите, со функционално лесно одржување, со едноставна
структура и ниска цена.
Главни карактеристики на полу-аеробна метода е тоа што со овој метод на
депонија има едноставна структура и ниска цена и затоа претставува технологија
која може да се примени со материјали кои можат да се добијат и искористат
локално посебно во земјите во развој, но независно од тоа овој метод го имаат
применето многу земји како Јапонија, Малезија, Кина, Иран, Мексико, Океанија и
др.
2
Овој тип на депонија е наречен полу-аеробен бидејќи има можност за
примена на веќе постоечки нестандардни и анаеробни депонии. Полу-аеробната
депонија е конструирана со поставување на цевки на дното на депонијата кои го
собираат исцедокот, а во исто време низ нив струи и атмосферски воздух со кој се
овозможува поголема активност на аеробните микроорганизми и побрзо
распаѓање на депонираниот отпад, а со тоа се овозможува намалување на
биолошката побарувачка на кислород (BOD) во исцедокот и потиснувањето на
создавањето на метан гас. За разлика од анаеробните депонии од кои се
колектира депонискиот гас и претставува скап процес, во технологијата на полу-
аеробната депонија целта е да се минимизира влијанието врз животната средина
бидејќи деградацијата на отпадот е побрза, зголемена е стабилизацијата на
самата депонија и исцедокот се собира веднаш. Во прилог на ова и обемот на
емитирање на метан гас од депонијата е намален, а сето ова придонесува за
намалување на глобалното затоплување.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 28 Jan 2016 09:54
Last Modified: 28 Jan 2016 09:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15135

Actions (login required)

View Item View Item