Крводарителството во општина Делчево во период од 2000 до 2014 година- анализа на бројот и структурата на крводарителите и промотивните активности

Stoimenovska, Limonka (2016) Крводарителството во општина Делчево во период од 2000 до 2014 година- анализа на бројот и структурата на крводарителите и промотивните активности. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of finalno20trud.pdf]
Preview
Text
finalno20trud.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Крводарителската служба е посветена да обезбеди сигурна крв и крвни продукти на оние кои што имаат потреба од нив.
Идеално е крв да се обезбедува од нискоризични крводарители кои редовно, слободно, и доброволно даруваат крв. Дарителите на крв го заслужуваат најдоброто што може да им се понуди, гостопримство наместо болнички менталитет.
Цел на овој труд е да направиме анализа на реализираните крводарувања во однос на планираните во подрачјата на Општина Делчево и Македонска Каменица во периодот од 2000 до 2014 година, да направиме преглед на реализираните крводарувања во периодот од јануари до декември 2014, да ја согледаме структурата на крводарителите по пол, возраст, националност и видот на крводарувањата (доброволни и фамилни) и да ги прикажеме мотивите за крводарување и влијанието на промотивните активности.
За реализација на поставените цели направивме анализа и обработка на податоците од Општинска организација на Црвен крст Делчево за бројот, структурата и реализацијата на планираните крводарувања во периодот од 2000 до 2014 година, а резултатите се прикажани табеларно и графички со соодветна дискусија на истите.
При разработката на трудот заклучивме дека во периодот од 2000 до 2014 година во Делчево и Македонска Каменица се собрaни вкупно 15 585 крвни единици. Во сите години е надминат планот од планираните крводарувања.
Најголем број на крводарувања се реализирани во 2002 година, планот е реализиран со 171%, т.е. со соберени 1 327 крвни единици, а најмал број на собрани крвни единици има во 2007 година, со 108% од планираниот.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 27 Jan 2016 15:01
Last Modified: 27 Jan 2016 15:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15124

Actions (login required)

View Item View Item