Новогодишен концертен хепенинг на Музичката академија

Новогодишен хепенинг на Музичката академија

Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од 21 до 24 декември одржува Новогодишен концертен хепенинг, на којшто се претставуваат студентите од сите студиски програми и катедри на Академијата.

Новогодишен хепенинг на Музичката академија

Хепенингот започна со настап на Катедрата по џез музика, а настапија студентите под менторство на професорите Сашо Поповски, Георги Мицанов и Кирил Кузманов. Концертот се одржа во Уметничката галерија „Безистен“. Останатите концерти се одржуваат во салата на Музичката академија.

Во вторникот настап имаше Катедрата по вокално-инструментална музика, меѓу нив и оркестарот на Музичката академија.

Новогодишен хепенинг на Музичката академија

Во среда (23.12.2015 г.) Катедрата за музичка теорија и педагогија одржа музичка работилница на тема „Како до радиоемисија“, каде што предавачи беа проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска и Влатко Миленкоски од Универзитетското радио „УГД ФМ“, а концерт одржаа студентите од Катедрата по пијано.

Новогодишен хепенинг на Музичката академија

Новогодишниот хепенинг на Музичката академија завршува на 24 декември, со концерт на студентите од Катедрата по етнокореологија, од класата на доц. м-р Горанчо Ангелов.