Модел на хидро-информационен систем на Република Македонија

Delipetrev, Blagoj (2011) Модел на хидро-информационен систем на Република Македонија. PhD thesis, Универзитет Св Кирил и Методиј.

[thumbnail of Doktorat verzija0-fin.pdf]
Preview
Text
Doktorat verzija0-fin.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Докторската теза истражува и развива прототип облак апликација за хидро-информационен систем. Мотивацијата за изградба на хидро-информациониот систем се три главни идеи: (1) облак, (2) развојот на веб географските информациони системи (ГИС), (3) водата како како неопходен ресурс. Основната цел е да се користи веб пребарувач, додека сите сервиси, податоци и апликации да бидат во облакот.
Потребата од вода во Република Македонија е во континуиран раст со зголемувањето на населението, стандардот на населението, развивањето на индустријата и производството на храна. Основна компонента во интегрираниот менаџмент на водните ресурси е развивање на хидро-информационен систем кој претставува платформа за развивање на апликации за ефикасно и праведно распределување на водните ресурси помеѓу корисниците. Долготрајната истражувачка и апликативна работа во ГИС, воведувањето на облак технологиите, развивањето на прототип веб базирани софтверски решенија и решавање на проблемите поврзани со водните ресурси беа доволен предизвик за изработка на моделот на хидро-информационен систем на Република Македонија.
Консеквентно, во докторската теза е развиена и имплементирана протопип облак апликација за хидро-информационен систем составена од веб сервиси и додатни софтверски компоненти:
1) Релациона база на податоци HMak развиена во PostgreSQL и PostGIS во која се складирани сите геопросторни и останати податоци за хидро-информациониот систем на Република Македонија.
2) Веб сервис Геосервер - задолжен за прикажување и менаџмент на векторските мапи и геоподатоци од HMak (1). Основна задача на Геосерверот e меѓуслој апликација наменета да ги абстрахира дистрибуираните податочни извори и да креира платформа за пристап до геопросторните податоци од страна на создадените сервиси на хидро-информациониот систем.
3) Апликација за оптимизација на водните ресурси ДП креирана со користење на алгоритамот за динамичко програмирање во Java.
4) Веб сервис апликација за оптимизација на водните ресурси која е составена од претходно развиената апликација (3), форми за внесување податоци и презентирање на резултатите на интернет.
5) Веб сервис за моделирање на водни ресурси базиран на OpenLayers библиотеката која ги подржува OGC стандардите за геопросторни веб сервиси. Сервисот е поврзан со Геосерверот (2) и со користење на протоколите WMS и WFS врши внесување, менување, зачувување на геоподатоците и моделирање на водните ресурси.
6) Интеграција на сите претходно наведени компоненти (1-5) во облак апликацијата за хидро-информационен систем на Република Македонија.
Дизајнот на хидро-информациониот систем е на две основни парадигми кои се меѓусебно поврзани, облак и сервис ориентираната архитектура. Хидро-информациониот систем е целосно веб базиран овозможувајќи обработка на податоци и пристап до сервисите независно од физичката локација. Дефинираните три главни сервиси (реден број 2,4,5) се претставени на два веб интерфејси. Веб сервисите даваат можност за менаџирање со мапите и податоците, моделирање на водните ресурси и нивна оптимизација. Облак апликацијата е изградена со користење на неколку програмски јазици (JavaScript, AJAX, PhP, Java), додатни апликации (Eclipse, Geoserver, PostgreSQL, PostGIS), библиотеки (OpenLayers), геопросторни стандарди (OGC), протоколи (WMS, WFS) и друго. Компонентите и софтверските пакети кои се користат во развојот на хидро-информациониот систем се отворен код.
Хидро-информациониот систем претставува облак платформа за развивање на специјализирани апликации. Дизајнот и составните компоненти на системот овозможуваат негова лесна надградливост, интероперабилност, хетерогеност, дистрибуираност и скалабилност.
Претставениот хидро-информационен систем е успешно применет во моделирање на хидро системот Злетовица. Моделирањето на хидро системот Злетовица ја покажа неговата функционалност и можноста да се користи како основа за понатамошен развој на хидро-информациониот систем на Република Македонија.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Blagoj Delipetrev
Date Deposited: 26 Jan 2016 14:48
Last Modified: 26 Jan 2016 14:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15041

Actions (login required)

View Item View Item