Меѓународен туризам

Metodijeski, Dejan and Cuculeski, Nikola (2015) Меѓународен туризам. Sovremenost, Skopje. ISBN 978-608-4501-44-2

[img]
Preview
Text
MEGUNARODEN TURIZAM 2015.pdf

Download (1700Kb) | Preview

Abstract

Овој труд кој е плод на авторите произлегува од нивното повеќегодишно истражување во областа на туризмот. Првенствено е наменет е за потребите на наставниот кадар и студентите на прв, втор и трет циклус на студии на Факултетите за туризам и угостителство во нашата земја. Освен нив, материјалот кој е опфатен во трудот може да го користат и останатите стручни кадри од приватниот сектор кои се занимаваат со туризмот и угостителството, потоа невладините организации, асоцијации и стопански комори, како и управувачките структури и вработените во јавниот сектор на централно, регионално и локално ниво кои директно или индиректно се поврзани со проблематиката на меѓународниот туризам. Во изработката на книгата се користени стручна литература од релевантни светски и домашни автори и интернет извори поврзани со меѓународниот туризам. Книгата меѓународен туризам е изработена во пет глави. Во првата глава е опфатен материјалот кој се однесува на суштината и основните карактеристики на туризмот како глобален феномен, дефинирањето и поделбата на различни видови туризам и меѓународен туризам. Исто така, објаснети се историскиот развој, терминологијата и просторниот опфат на меѓународниот туризам. Во втората глава се разгледуваат карактеристиките на меѓународниот туризам во светот, регионалната структура, рецептивната,иницијативната и перспективната улога на Европа како најголем туристички пазар во светот. Опфатен е и дел за меѓународниот туризам во нашата земја. Во третата глава се опфатени најчесто сретнуваните видови на меѓународен туризам како туризам за одмор и рекреација, урбан, здравствен, шопинг, бегпекер, бизнис и религиозен туризам. Четвртата глава е посветена на современите тенденции и влијанијата кои ги има меѓународниот туризам како здравствени, економски, политички, социјални и др. Петтата глава го содржи материјалот за основните фактори за постоење и развој на меѓународниот туризам. Во оваа глава се обработени природните и антропогени ресурси, развојот на сообраќајот, промените во однесувањето на туристите, формите на интеграција во меѓународниот туризам, туристичката политика и институционалната поддршка, меѓународните организации кои го потпомагаат развојот на меѓународниот туризам, сезоналноста во туризмот, информациските технологии и интернетот, безбедноста, глобализацијата и сегментацијата на пазарот во меѓународниот туризам. Искажуваме благодарност и до сите колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на книгата. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, ненамерно можеби се пропуштени некои карактеристики на меѓународниот туризам. Мислењата и забелешките можат да се упатуваат по електронски пат. За сите забелешки, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто и проширено издание на трудот.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 26 Jan 2016 09:32
Last Modified: 26 Jan 2016 09:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15010

Actions (login required)

View Item View Item