Училишната организациска клима фактор за развој на современото училиште

Petrova Gjorgjeva, Emilija and Kokotova, Tatjana (2015) Училишната организациска клима фактор за развој на современото училиште. In: Состојби, предизвици и перспективи во воспитанието и образованието во Република Македонија, 13 May 2015, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Trud 3.pdf

Download (1938Kb) | Preview

Abstract

Училиштето е мошне стара воспитно-образовна организација која, гледано историски се менува зависно од општествените промени и се приспособува кон новите барања на општеството и неговите членови. Благодарение на тој свој динамизам, училиштето успеало да преживее многу постапни и револуционерни општествени промени, успешно сообразувајќи се со новонастанатите услови и околности, добивајќи нова функционална и соодветно дизајнирана ефикасна структура. Современото училиште претставува комплексен и сложен организациски систем.Тоа произлегува од секојдневните односи на релација наставник-ученик, наставник-наставник и наставник – директор. Притоа, честа е појавата на т.н. “судир на генерации“. Тоа практично значи судир на две култури, културата на возрасните (образувачи и воспитивачи) и културата на младите-новите генерации (оние што се образуваат и воспитуваат). И сето тоа се одвива во една средина со свое опкружување и создаден амбиент во кој се реализира наставниот процес, со индивидуалните и споделените перцепции, ставови и мислења на членовите низ кои се случува животот во училиштето. Таа средина и тоа опкружување се карактеризираатсо специфична организациска клима и организација на работењето на училиштето. Во креирањето на климата во современото училиште, учествуваат директорот, наставниците и учениците со своите ставови, мислења и однесувања, како во училиштето, така и надвор од него. Градењето и негувањето на позитивна организациска клима во скоро секое училиште, подразбира воспоставување и постојано унапредување на параметрите ( колегијалност, поддршка од директор) кои ја определуваат организациската клима и перманентната контрола и евалуација на параметрите (иницијативност и иновативност, планирање и креирање развој на училиштето) кои ја определуваат организацијата на работењето на училиштето.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: организациска клима, современо училиште, колегијалност, поддршка од директор, иницијативност и иновативност, планирање и креирање развој на училипштето
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Emilija Petrova Gorgeva
Date Deposited: 25 Jan 2016 13:57
Last Modified: 25 Jan 2016 13:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14993

Actions (login required)

View Item View Item