Пиџин и креолски јазик

Stojanovska, Katerina and Kusevska, Marija (2015) Пиџин и креолски јазик. Yearbook of the Faculty of Philology, 2015, 6. pp. 103-109. ISSN 1857-7059

[img]
Preview
Text
Pigin i kreolski jazik.pdf

Download (258Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/resursi/zbornici/filolosk...

Abstract

Контактот на луѓето во одредена заедница е еден од многуте фактори поради кои јазикот е интересен за истражување. Насушната потреба за меѓусебна комуникација на говорители кои се со различни јазични основи и не си ги познаваат меѓусебно јазиците резултирала со создавање на нови јазици, кои имале поедноставни граматички правила. Тие новонастанати јазици се познати како пиџин и креолски јазик. Овие два јазика си имаат свои сопствени карактеристики коишто може да се разликуваат. Пиџин е јазик којшто е намален, поедноставен и којшто настанува како резултат на контакт помеѓу групи без заеднички јазик. Додека, пак, креолскиот јазик е жаргон којшто станал мајчин јазик на една говорна заедница. Може да се каже и дека претставува јазик на една втора генерација на говорители. Откако ќе се запознаат поради различни животни потреби (трговија, бизнис итн.) луѓето веднаш посегнуваат по средство за комуникација. Имаат потреба од меѓусебна комуникација. Комуникацијата меѓу групи на луѓе коишто немаат заеднички јазик резултира со создавање на пиџин. Во оној момент кога пиџинот ќе стане мајчин јазик на една говорна заедница тогаш тој преминува во креолски јазик. Клучни зборови: социолингвистика, синтакса, граматика, комуникација, јазично усвојување јазичен контакт.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kusevska
Date Deposited: 21 Jan 2016 11:39
Last Modified: 26 Jan 2016 12:25
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14856

Actions (login required)

View Item View Item