Збирка на одбрани задачи по компјутерски мрежи

Mileva, Aleksandra and Bikov, Dusan (2015) Збирка на одбрани задачи по компјутерски мрежи. ISBN 978-608-244-257-0.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/495

Abstract

Задачите во оваа збирка се наменети за аудиториски вежби по предметот Компјутерски мрежи. Поголемиот дел од задачите се преземени од поставените задачи во книгите [1], [2] и [3], кои воедно се и главната литература за овој предмет. Предметот компјутерски мрежи ги опфаќа основните концепти на компјутерските мрежи, референтните модели кои се користат за нивно претставување со нивоа, функциите кои ги обезбедува секое ниво посебно, протоколите од TCP/IP складот со протоколи кои функционираат на секое ниво, стандардите и препораките за мрежи, медиумите за пренос, мрежните топологии и уреди, и сл. Збирката концептуално се состои од шест поглавја. Првото поглавје, основни концепти, како што кажува неговото име, преку примери и задачи, дава објаснување на поимот протокол и двата основни мрежни модели: OSI референтниот модел и TCP/IP архитектурата за протоколи, поимот стандард и објаснување на организациите кои дефинираат и објавуваат меѓународни стандарди, како и асоцијациите и форумите кои промовираат одредени технологии. Физичкото ниво со неговите карактеристики, заедно со поимите податочна брзина и капацитет на канал, техниките за кодирање и мултиплексирањето се разработени во второто поглавје. Податочното ниво со контролата на грешка, контролата на проток и пристапот до медиумот и работата на мостовите е дадена во третото поглавје. Алгоритмите за упатување со IP адресирањето како основни функции на мрежното или интернет нивото се дадени во четвртото поглавје. Дополнително, во петтото поглавје се дадени примери за основна конфигурација на рутери и статичко рутирање во мрежниот симулатор Cisco Packet Tracer. Во шестото поглавје се дадени основните Windows алатки за истражување на мрежи, заедно со примери за нивно користење.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Aleksandra Mileva
Date Deposited: 20 Jan 2016 13:00
Last Modified: 20 Jan 2016 13:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14783

Actions (login required)

View Item View Item