Слободното судско уверување и индивидуализацијата на санкциите во светлината на законските решенија за воедначување на казнената политика

Buzarovska - Lazetik, Gordana and Kosevaliska, Olga and Nanev, Lazar (2015) Слободното судско уверување и индивидуализацијата на санкциите во светлината на законските решенија за воедначување на казнената политика. Зборник на научни трудови, Втора научна меѓународна конференција Општествени промени во глобалниот свет, 03-04 септ. 2015, Штип, 1 (2). pp. 117-147. ISSN 978-608-244-267-9

[img]
Preview
Text
OK 1.pdf

Download (2697Kb) | Preview

Abstract

Заради надминување на слабостите во судскиот систем, најмногу изразени во невоедначената казнена политика, нашиот законодавец направи обид за изнаоѓање на решение преку имплементирање на инструменти за воедначување на истата. Во таа смисла, првично беше донесен Правилникот за начинот на одмерување на казните, кој ја разбранува стручната јавност и предизвика бројни дебати и полемики околу неговата правна сила и можност истиот како подзнаконски акт да се јави како извор на правото во кривична постапка. Имено, судовите судат врз основа на Уставот, Законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Во овој контекст е донесен Законот за определување на видот и одмерување на висината на казната. Потребата од донесувањето на овој Закон е образложена преку следниве причини: да обезбеди поголема правна сигурност на граѓаните, да се спречи субјективизмот во изрекувањето на кривичните санкции од страна на судиите, да се стесни просторот на манипулации и слично. Целта на овој труд е токму да ја елаборира нужноста од донесувањето на овој Закон како и компаративно да ги истражи т.н. sentencing guidelines и нивната облигаторност односно факултативност при одредувањето и одмерувањето на казната. Исто така во трудот ќе направиме обид да ја истражиме и можноста од вистинска примена на начелото на индивидуализација на казната како и со начелото на слободно судско одлучување за конкретен сторител и конкретно кривично делo во новонастанатите законски рамки. Клучни зборови: казна, одмерување, кривично дело, кривична постапка, индивидуализација.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Gurkova
Date Deposited: 28 Dec 2015 15:03
Last Modified: 28 Dec 2015 15:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14745

Actions (login required)

View Item View Item