Практикум по клиничка биохемија

Janikevik Ivanovska, Danijela and Atanasova, Marija (2015) Практикум по клиничка биохемија. ISBN 978-608-244-263-1.

Full text not available from this repository. (Request a copy)
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/494

Abstract

„Практикумот по клиничка биохемија“ е наменет за изучување на практична настава на студентите од Високата школа при Медицинскиот факултет, групата лаборанти. Овој практикум е во согласност со постојаната програма за изучување на теоретскиот дел по предметот клиничка биохемија. Правилното поставување дијагноза на заболувањето, како и проценка на клиничкиот тек на болеста или ефектот од лечењето несомнено се потпираат врз сигурните резултати од биохемиските анализи. Оттука произлегува големата важност за правилно изучување на постојните методи на кадарот лаборанти кои се директно вклучени во изработка на самите анализи. Во него низ одреден број вежби се изнесени теоретските основи и методи за одредување на различни групи соединенија кои играат голема улога во одржување на човечкиот живот. Преку самата изведба на вежбите се истакнува и нивното значење за крајната цел - поставување дијагноза. Практикумот опишува 12 вежби, односно: Безбедност во клиничко-биохемиска лабораторија, преаналитика и подготовка на примерок, одредување на глукоза, орален глукоза-толеранс тест, одредување на липиди, одредување на вкупни серумски протеини и албумини, одредување на ензими, одредување на деградациски продукти, одредување на електролити, одредување на тироидни хормони, одредување хормони од надбубрежна жлезда, одредување на туморски маркери.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Danijela Janikevik
Date Deposited: 28 Dec 2015 13:52
Last Modified: 28 Dec 2015 13:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14723

Actions (login required)

View Item View Item