Демотрополизација на културата низ призмата на печатените медиуми во Република Македонија

Majhosev, Andon and Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana (2015) Демотрополизација на културата низ призмата на печатените медиуми во Република Македонија. In: 2nd International Scientific Conference: Social change in the global world, 03-04 Sept 2015, Stip, Republic of Macedonia.

[img]
Preview
Text
PROCEEDINGS%2c VOL. 3%2c SOCIETY%2c MEDIA AND COMUNICATION.pdf

Download (12Mb) | Preview

Abstract

Во нашето истражување ние ќе се фокусираме на проблемот на (де)метрополизација на културата во Република Македонија како современ општествен феномен. Основно истражувачко прашање во овој труд ќе ни биде дали постои (де)метрополизација на културата и на кој начин печатените медиуми во РМ пишуваат за културните настани. Во нашето истражување поаѓаме од основната истражувачка хипотеза дека во Република Македонија во летниот период се случува (де)метрополизација на културата, односно културниот живот е поинтензивен во другите градови од државата, отколку во главниот град (метрополата) Скопје. Исто така, претпоставуваме дека сите печатени медиуми не посветуваат подеднакво внимание за културните настани. Во истражувањето ќе се примени методот на анализа на содржина на текстовите во печатените медиуми за време од три месеци (1.06.2015 до 31.08.2015. Aнализата на текстовите на печатените медиуми опфаќа шест дневни весници: "Вечер", "Вест", "Дневник", "Нова Македонија", "Слободен печат" и "Утрински весник". Ќе го анализираме бројот на регистрираните културните настани по градови во текстовите, големината на текстовите, место (рубрика) на објавување, големината на насловот, вредносна ориентација на текстот (прилогот), новинарскиот жанр и др. Клучни зборови: метрополизација, деметрополизација, печатен медиуми, култура, културен настан.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 20 Jan 2016 11:00
Last Modified: 20 Jan 2016 11:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14710

Actions (login required)

View Item View Item