Gjorgjeska, Biljana and Kostadinovic Velickovska, Sanja (2015) Хемија на колоиди. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-266-2
Full text not available from this repository.Abstract
Во овој Учебник по предметот Хемија на колоиди се објаснети шест поглавја во кои подробно се дискутирани принципите и и постапките за добивање на колоидни системи како и методите за анализа на овие системи.
За да може суштински да се разберат колоидните системи, првото поглавје од овој учебник ги дефинираат колоидните системи, големината и градбата на нивните честички како и начините за добивање на истите. Понатаму, првото поглавје од овој учебник ги проучува кинетичките појави на колоидните системи како што се Браун-ово движење, дифузија, осмоза, дијализа и седиментација. Во првото поглавје исто така, опфатени се и оптичките својства на колоидните системи како што се прекршување и расејување на светлината и употреба на овие својства во Фармацијата и Медицината.
Во второто поглавје од овој учебник објаснети се површинските појави кај колоидните системи. Конкретно, објаснети се појавите на граничните површини течност – гас, течност – течност и цврста супстанција течност. Во ова поглавје објаснет е и поимот „површински напон“ на колоидните системи како и разлевање и натопување.
Во третото поглавје „реологија и вискозност“ дефинирани се поимите реологија и вискозност и дефинирана е поделбата на колоидните системи на Њутнови и НеЊутнови системи. Понатаму, реолошките особини на колоидните системи директно се објаснети на фармацевтски производи како што се креми, пени, лосиони и средства за одржување на лична хигиена.
Во четвртото поглавје објаснета е коагулација на колоидните системи. Поточно, во ова поглавје најпрвин се дефинирани и објаснети факторите од кои зависи стабилноста на еден колоиден систем а потоа, поединечно разгледана е и објаснета стабилноста на лиофилните и лиофобните колоидни системи. Последна тема во ова поглавје ги објаснува спонатана и предизвикана коагулација како можност за укрупнување и прочистување на колоидните системи.
Во петтото поглавје дефинирани се лиогелови, односно начини на нивно образување со динамичка коагулација како и бабрење на ксерогелот. Издвојувањето на течната фаза од гелот, односно „стареење“ на гелот познато под поимот синереза е објаснета во последната лекција од ова поглавје.
Во последното шесто поглавје објаснета е структурата на геловите и мембраните. Објаснет е исто така и начинот на добивање на лиогел како и процесот на гелирање на колоидните раствори и соли. При разгледување на структурата на мембраните, посебен акцент е ставен на неутрални и активни мембрани. Објаснети се структурата и својствата на т.н. „молекуларни“ мембрани како и нивната употреба во Медицината и Фармацијата.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sanja Kostadinovik |
Date Deposited: | 28 Dec 2015 09:51 |
Last Modified: | 23 Dec 2016 11:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14703 |
Actions (login required)
View Item |