Примена и комплексна интерпретација на сеизмички методи на рефлексија и рефракција

Aleksovski, Goran (2015) Примена и комплексна интерпретација на сеизмички методи на рефлексија и рефракција. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_Goran Aleksovski Magisterski trud oktromvri 2015.pdf

Download (2786Kb) | Preview

Abstract

Сеизмичките методи на рефлексија и рефракција се базираат на регистрирање и определување на брзината на простирање на еластичните бранови низ позната геолошка средина со определени геомеханички карактеристики. Главната разлика помеѓу двете методи е во зраците кои ги регистрираат. Имено, рефлективната метода го регистрира рефлектираниот бран кој се одбива од гранична површина која одвојува две различни геолошки средини, додека пак рефрактивната метода го регистрира рефрактираниот бран кој се прекршува при поминување низ одредена гранична површина. Секоја рефракција има и процес на рефлексија, па според тоа, регистрирањето на брановите на прекршување и рефлектирање се изведува симултано преку поставување на повеќе геофони по должината на испитуваната средина. Истражниот простор кој е одбран да се моделира преку модели на рефракција и рефлексија, геолошки е испитан со 5 истражни кaртирани дупнатини и е со вкупна должина од 210 m. Со сеизмичката метода на рефракција средината се испитува до длабочина од 30 m, додека пак со сеизмичката метода на рефлексија се испитува истражниот простор до длабочина од 15 m. Бидејќи длабочината на побудување на средината зависи од оддалеченоста помеѓу изворот и приемникот и е еднаквa на една половина од таа вредност, сеизмичките профили на рефракција се изведени со должина од 60 m, а сеизмичките профили на рефлексија се изведени со должина од 30 m позиционирани на средина во сеизмичките профили на рефракција. Со цел да се опфати целиот истражен простор, при моделирањето се изработени вкупно 4 сеизмички профили на рефракција и рефлексија. Моделирањето на сеизмичките профили се изведува синтетички врз основа на геомеханичките податоци на геолошките средини, како и геолошките податоци добиени од истражните дупнатини. Како завршна фаза на моделирањето, во научниот труд е изработена комплексна интерпретација на добиените сеизмички модели. Примена и комплексна интерпретација на сеизмички методи на рефлексија и рефракција Преку интерпретацијата се определуваат брзините на простирање на еластичните бранови низ средините и геолошките карактеристики на испитуваната средина, а преку t0 методата се определуваат длабочините до граничните површини кои ги одделуваат раз

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 22 Dec 2015 13:40
Last Modified: 22 Dec 2015 13:40
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14682

Actions (login required)

View Item View Item