Архитектонско – украсен и градежен камен во западна Македонија, негови карактеристики и комерцијална употреба

Kulakov, Ljupce (2015) Архитектонско – украсен и градежен камен во западна Македонија, негови карактеристики и комерцијална употреба. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
__tsclient_D_Tekst_lektoriran.pdf

Download (2130Kb) | Preview

Abstract

Предмет на истражување во овој магистерски труд се карпестите маси кои се застапени во Западна Македонија, а се погодни и економски интересни за експлоатација како Архитектонско – градежен и украсен камен. Со самото тоа, дефинирани се нивните основни физичко – механички и минералошко – петрографски карактеристики, како и нивниот начин за комерцијална употреба. Во него се обработени податоци од поголем број на теренски, лабораториски и кабинетски истражувања кои претставуваат збир на повеќегодишно активно истражување од страна на авторот на трудот. За време на истражувањето, при изработка на овој магистерски труд, се користени податоци добиени преку директни и индиректни истражувања на авторот, како и податоци од досега извршени истражувања од различни субјекти во форма на студии, елаборати, извештаи и сл. Во поглед на реонизацијата, како предметни терени за истражување се опфатени делови од Мариово, околината на О.Прилеп, с.Дреново, с.Матка, и др. Со ваквите истражувања дефинирани се неколку видови на магматски, метаморфни и седиментни карпи за кои е проценето дека имаат потенцијал за експлоатација како архитектонско – градежен и украсен камен. Клучни зборови (истражување , карпи, анализа, податоци, употреба)

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 22 Dec 2015 13:37
Last Modified: 22 Dec 2015 13:37
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14679

Actions (login required)

View Item View Item