Теорија на економски раст: Основни модели, концепти и пристапи (Сметководство и економетрија на растот) - практикум

Lazarov, Darko (2014) Теорија на економски раст: Основни модели, концепти и пристапи (Сметководство и економетрија на растот) - практикум. ISBN 978-608-244-064-4.

This is the latest version of this item.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=318

Abstract

Овој практикум на тема Теорија на економски раст: основни модели, концепти и пристапи (сметководство и економетрија на растот) има за цел да ја елаборира и објасни методолошката рамка на сметководство и економетријата на растот како најзначајни емпириски постулати на теоријата на растот. Овој практикум се состои од вовед, два дела, заклучни согледувања и библиографија. Првиот дел од овој практикум се однесува на сметководство на растот. Сметководството на растот како емпириска техника во анализа на анатомијата на растот овозможува анализа на изворите на економскиот раст. Имено, декомпозицијата на стапката на економски раст нуди можност да се идентификува доприносот на поединечните фактори на производство, елементи на агрегатната побарувачка и сектори во детерминирање на стапката на растот. Според тоа, примената на овој пристап може да биде од производствен, потрошувачки или секторски аспект. Оваа техника дава јасна слика за тоа кои производни фактори, елементи на побарувачката и сектори имаат најголемо влијание и придонес во генерирање на економскиот раст. Вториот дел се однесува на економетријата на раст како најзначајна емпириска техника на растот. Всушност, економетријата на растот го квантифицира степенот на влијание на одделните фактори кои го детерминираат економскиот раст. Во рамките на економетријата на растот е тестиран класичниот модел на раст проширен со човечки капитал т.е. моделот на Mankiw, Romer и Weil. Ова практично економетриско истражување има за цел да ги анализира фудаменталните фактори кои го детерминираат економскио раст т.е. да ги објасни причините за прилично големата дискрапанца во стапките на раст што ги бележат земјите. Дополнително, во рамките на емпириската анализа се идентификувани причините за разликите во доходот per capita помеѓу најбогатите и најсиромашните земји во светот.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 16 Dec 2015 14:35
Last Modified: 16 Dec 2015 14:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14580

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item