Определување прагматичка компетенција кај изучувачите на англиски и германски јазик

Ivanovska, Biljana and Daskalovska, Nina and Kusevska, Marija and Ulanska, Tatjana (2015) Определување прагматичка компетенција кај изучувачите на англиски и германски јазик. International Journal Scientific and Applicative papers: Knowledge, 11/1. ISSN 1857-92

[img]
Preview
Text
BI Bansko.pdf

Download (558Kb) | Preview

Abstract

Резиме: Целта на овој труд е да се анализираат компонентите што треба да се совладаат при усвојувањето на англискиот и на германскиот јазик како странски јазици. Овој труд дава преглед на првата фаза од нашиот истражувачки проект, насловен како „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик“ (“The role of explicite instructions in developing pragmatic competence in learning English and German as a foreign language”) кој се изведува на Филолошкиот факултет при Унивирзитетот ,,Гоце Делчев“ во Штип. Се обидуваме да ја дефинираме прагматичката способност на студентите при изучувањето на странскиот јазик, потоа ги опишуваме инструментите што ги користиме за собирање на податоци како и методот за нивна анализа. Во процесот на усвојување на странскиот јазик комуникацијата и прагматичката компетенција се многу тесно поврзани. За да можат успешно да комуницираат на странскиот јазик студентите мораат добро да ги познаваат не само јазикот туку и културата. Ова претставува ново искуство за нив и бара соодветна подготовка и правилни смерници за усвојување на прагматичката компетенција. Клучни зборови: прагматичка компетенција, говорни чинови, експлицитни инструкции.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 18 Dec 2015 10:04
Last Modified: 18 Dec 2015 10:04
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14572

Actions (login required)

View Item View Item