Оценка на оперативните и финансиските перформанси на компаниите, со посебен осврт на ризичноста од вложувањата во хартии од вредност

Ivanovska Runteva, Ivana (2015) Оценка на оперативните и финансиските перформанси на компаниите, со посебен осврт на ризичноста од вложувањата во хартии од вредност. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Ivana_Ivanovska_Runteva-magisterski_trud-lektoriran.pdf

Download (3722Kb) | Preview

Abstract

Финансиската анализа има задача да ја објасни релацијата помеѓу одделните ставки на финансиските извештаи, кои комбинирани на најразлични начини даваат значајни информации поврзани со ликвидноста, задолженоста, профитабилноста и другите аспекти од работењето на една компанија. Секое инвестирање е проследено со прибирање податоци за минатото работење на компанијата, остварените резултати, нејзината ликвидност, исплатените дивиденди, инвестирањето во сопствениот раст и сл. Сите овие минати резултати и одлуки влијаат врз профитот кој ќе го остварува компанијата во иднина, а со тоа и врз прерцепцијата за заработувачката од инвестирањето на средствата на сите субјекти кои гледаат перспектива во работењето на избраната компанија и остварување на нивните поединечни цели. На тој начин, преку финансиската анализа и пресметката на финансиските показатели, стејкхолдерите го препознаваат и го оценуваат ризикот од инвестирање во самите хартии од вредност на компанијата. Тргнувајќи од овој факт, особено е јасно зошто се посветува големо внимание токму на финансиската анализа, како и на финансиските показатели и методи кои се користат при нејзино спроведување Предмет на мојот магистерски труд е токму финансиската рацио анализа и нејзината примена во донесувањето одлуки за инвестирање во хартиите од вредност на компаниите и нивната ризичност. Теоретскиот дел на труот е збогатен со голем број практични примери за пресметка на финансиските показатели, преку кои се врши оценка на оперативното и финансиското работење на компаниите, како и со практична анализа на работењето на акционерското друштво Макпетрол АД Скопје, како лидер во трговијата со нафтени деривати во нашата држава

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 14 Dec 2015 10:14
Last Modified: 14 Dec 2015 10:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14478

Actions (login required)

View Item View Item