Цревни заразни дијарејални заболувања - Најзначајни бактериски причинители (1)

Taleski, Vaso and Angelovska, Bistra and Zdravkovska, Milka and Jovevska, Svetlana (2015) Цревни заразни дијарејални заболувања - Најзначајни бактериски причинители (1). Farmacevtski informator, 2 (41). pp. 38-41. ISSN 1409-8784

[img]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Naslovna Farmacevtski informator.pdf

Download (1957Kb) | Preview
[img]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Text 1 str Farm inform.pdf

Download (1398Kb) | Preview
[img]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Text 2 str Farm Inform.pdf

Download (1664Kb) | Preview
[img]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Text 3 str Farm inform.pdf

Download (1199Kb) | Preview
[img]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Text 4 str Farm Inform.pdf

Download (2268Kb) | Preview

Abstract

Значење на црвените заразни дијарејални заболувања Цревните заразни заболувања се едни од најчестите заразни заболувања. Според Светската здравствена организација (WHO) и UNICEF, годишно се јавуваат околу 2 милијарди случаи на заболувања со дијареја (20 % од сите заразни заболувања). Околу 1,9 милиони деца помлади од 5 години умираат секоја година од овие заболувања (18% од сите умрени деца помлади од 5 години), односно повеќе од 5000 деца умираат секој ден. Овие заболувања се најчести во земјите во развој, особено во тропските предели, а 78 % од смртните случаи се јавуваат во Африка и југо-источна Азија. Цревните заразни заболувања се значајни за сите земји во светот, особено за земјите во развој каде не се добро решени диспозицијата на фекалните и другите отпадни материи како ниту снабдувањето со хигиенски исправна вода за пиење. Во ваквите предели овие заболувања имаат ендемично-епидемиски карактер, ги има постојано со повремено избивање на помали или поголеми епидемии. Во развиените земји цревните заразни заболувања се јавуваат заради пропусти во дезинфекцијата (хлорирањето) на водата за пиење или грешки во подготвување, чување и дистрибуција на готова храна, конзервирана храна и заради широката употреба на колективна исхрана. Овие заболувања се ризик и за патници (особено во авионскиот сообраќај на долги летови) и туристи кои добиваат т.н. „патнички пролив“ (особено за оние кои од развиени земји патуваат во земји каде има голема фекална контаминација). Во воени и вонредни состојби (поплави, земјотреси) доаѓа до нагло влошување на хигиенските услови, оневозможување на спроведување на основните хигиенски мерки што придонесуваат за појава и ширење на овие заболувања. Високите летни температури, проблеми со водоснабдување, патувања, начинот на исхрана, зголемен број на инсекти и глодачи се најзначајни фактори кои го зголемуваат ризикот за заболување од цревни заразни болести. Високите температури влијаат на побрзо размножување на бактериите и вирусите во храната и водата за пиење, а исто така и луѓето не ја одржуваат хигиената на потребното ниво. Овие заболувања се пренесуваат првенствено преку загадена храна, вода и нечисти раце, во нехигиенски услови значајна улога имаат мувите. Храната е многу поволна средина за раст и размножување на микроорганизмите, особено во лето. Најзначајни видови храна поврзани со овие заболувања се: месо, јајца, овошје и зеленчук. Резервоари на заразата се: човек (инфициран, болен или бацило-носител) и животните. Извор на заразата се измет и урина. Патишта на пренос се: храна, вода, нечисти раце и муви. Влезна врата: уста. Инфективната доза варира зависно од вируленцијата на внесените микро-организми (м.о.), чувствителноста на луѓето и нивната возраст (малите деца се многу почувствителни). За некои м.о. инфективната доза е многу мала (10-100) а за некои многу голема (105 до 108). Ентеропатоген микроорганизам ID (инфективна доза) Shigella spp. 10-100 E.coli 0157:H7 (шига токсин) 10-100 Giardia lamblia, Cryptosporidium parvum 30-100 Norovirus (Norwalk like virus) 100 Salmonella 103 - 105 Campilobacter 103 – 106 Vibrio cholera 106 ETEC (ентеротоксикогена E. coli) 108 Табела 1. Инфективна доза (број на м.о. кои причинуваат инфекција и болест) Сезонски варијации: Заболувањата се јавуваат во тек на цела година, со максимум во летните месеци. Главни фактори поврзани со високата смртност кај пациенти со дијареја се: • Неухранетост; • Компликации (дехидратација, пневмонија, сепса, хемолитичко-уремичен синдром); • Инфекции причинети од инвазивни м.о. (Vibrio cholera, Shigella, Rotavirus); • Недостапност на рехидратација и антимикробна терапија; • Долготрајна дијареја (подолго од 14 дена).

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Vaso Taleski
Date Deposited: 28 Dec 2015 13:25
Last Modified: 28 Dec 2015 13:25
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14364

Actions (login required)

View Item View Item