Ликот на Александар III Македонски во македонскиот расказ од 20 век

Mladenoski, Ranko and Belcev, Tole (2015) Ликот на Александар III Македонски во македонскиот расказ од 20 век. Современост, 64 (3). pp. 79-82. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
Mladenoski i Belcev Aleksandar vo mak raskaz od 20 vek.pdf

Download (2017Kb) | Preview

Abstract

Овој труд претставува анализа и елаборација на темата поврзана со местото на славниот македонски крал Александар III Македонски во македонските раскази од 20 век. Станува збор, всушност, за интерпретација на следните раскази во кои како лик се појавува Александар Македонски: „Александар и вазната“ од Зоран Ковачевски; „Фреска прва: Александар, Аристотел, Упокоение на Александар Грешен“ и „Фреска втора: Кирил, Исијан. Потем Далмант. Ѓавол го искушува Кирила. Вознесение негово“ од Венко Андоновски; „Грди камења“, „Лажниот Александар“ и „Пораз“ од Блаже Миневски. Акцентот на анализата е ставен на прашањето за улогата на Александар Македонски како интерактивен код на културите во овие раскази на тројцата наши автори. Во заклучокот од трудот се нагласуваат неколку особености на овие раскази од 20 век во кои како лик се појавува Александар Македонски, како што се: демистификација, демитологизација и десакрализација на историската личност Александар Македонски; деконструкција на историските факти за македонскиот воен поход на Исток; двојната природа на Александар Македонски – божјата и демонската; алчноста на Александар за освојување и за обединување на сиот свет што тогаш им бил познат на Македонците; чудесно поврзување на Александар Македонски со наши културни дејци од 19 век како што е, на пример, Кирил Пејчиновиќ; Александар Македонски како линк меѓу разни култури кои и временски и просторно се мошне далечни и слично.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 24 Nov 2015 09:16
Last Modified: 24 Nov 2015 09:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14310

Actions (login required)

View Item View Item